ПРОЕКТ ОТПАДНИ ВОДИ

ПРОЕКТ ОТПАДНИ ВОДИ

СЕКТОР МЕНАЏМЕНТ

ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ

Проекти во тек на реализација

 

ЕУ ФОНД: SEE ПРОГРАМА

Наслов на проектот

Иновативно искористување на нискотемпературните геотермални ресурси

 во Југоисточна Европа - GeoSEE

 кликнете на линкот за да го видите целиот документ

*     *     *     * 

Прокарка: КЈП ,, Водовод“-Кочани е при крај со реализацијата на поставувањето на водоводна и канализациона мрежа во месноста бикана ,, Прокарка“.

 

Средна зона на притисок: Како дел од проектот: ,, Реконструкција на дел од мрежата на средна зона на притисок“ и главните линии беа поставени во 2010 и 2011 година, за приклучување на крајните корисници на оваа мрежа останаа само корисниците на улицата ,, Цар Самоил“ чие приклучување ќе се заврши во почетните месеци од 2013 година.

 

Кредит од kfw Банка во износ од 720.000 евра за реконструкција на водоводниот систем. Веќе е во тек потпишувањето на договорите со изведувачите и од наредниот ден започнува реализацијата на реконструкцијата на водоводниот систем во четири дела и тоа:

 

-          Замена на дел од главниот челичен потисен цевковод Ф 500 во должина од 1,3 км (со најчести дефекти и прекини на главниот довод на сирова вода од П.С. Грдовци ) со Ф 500 од дуктил во износ од 330.000 евра.

 

-          Замена на старите неефикасни пумпи со нови поефикасни во главните пумпни станици во износ од 200,000 евра и тоа:

 

П.С. Градовци – три пумпи

 

Препумпна станица (стар филтер) –три пумпи 

 

-          Надградба на постоечката водоводна-мерно регулациона опрема ( изградба на нови шахти со протокомери, мерачи на притисок и регулатори на проток и притисок на најбитните делници во водоводниот систем ) како и надградба на SCADA системот за мониторинг и управување во износ од 102,000 евра

 

-          Инсталација на 24 комбинирани водомери кај поголемите потрошувачи на вода со далечинско отчитување како и инсталација на 632 волуметриски куќни водомери од класа ,,D“ со цел поефикасно и поточно мерење и намалување на загубата на вода кај крајните корисници во износ од 70.000 евра

 

Замена на цевковод од 360 метри во с. Долни Подлог кој е подложен на чести дефекти во износ од 18.000 евра.

 

 

Име на организацијата која донираше средства: KfW Банка.

               Наслов на проектот:,, Водовод и канализација - Програма Македонија, фаза I,,.

          Досега се распишани 4 тендери за набавка на потребните работи и опрема за

реализација на проектот.

ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ СМЕТКИ