ПРОЕКТ ОТПАДНИ ВОДИ

ПРОЕКТ ОТПАДНИ ВОДИ

СЕКТОР МЕНАЏМЕНТ

РЕ Биро за развој - општи податоци

Основната дејност на РЕ ,,Биро за истражувања и развој,, е учеството во реализација на развојните програми на  сите работни единици кои постојат и функционираат во рамките на Комуналното Јавно Претпријатие “Водовод” Кочани.  
   
Согледувајки ја потребата од дополнителни финансиски средства за реализација на одредени проекти кои поради неповолната финансиска состојба не беа во можност да бидат реализирани од сопствени извори, а имајќи го во предвид фактот дека повеќе донаторски организации кои работеа во Република Македонија во своите програми предвидуваа средства за финансирање на ваков вид на проекти, во 2003 година КЈП “Водовод” Кочани формираше посебна Работна Единица ,,Биро за истражување и развој,,.
Покрај основната дејност оваа РЕ преку своето одделение за план и анализа има за задача и вршење на анализи на работењето на работните единици и доставување на потребните информации до Заводот за Cтатистика на Република Македонија на кои КЈП ,,Водовод,, е законски обврзан. 
Како резултат на работењето на оваа работна единица во периодот 2003-2006 година КЈП “Водовод” Кочани аплицираше и успеа да добие повеќе донации за реализација на проекти како од областа на подобрување на комуналните услуги така и во делот на зголемување и надградба на сопствените капацитети. Овие проекти беа добиени благодарение на многубројните контакти со претставниците на сите донаторски организации кои работат на територијата на Република Македонија.

ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ СМЕТКИ