РЕ Биро за развој - најнови информации
Активности од првиот тренинг настан за Проектот " Eco gardens in our kindergartens"
Во рамките на проектот ,,Еко градини за нашите детски градинки,, од 08.04. до 12.04. 2019 година во Кочани се одржа првата од трите планирани обуки со претставници од Лудбрег, Р.Хрватска, Пазарџик, Р. Бугарија и Кочани, Р. Северна Македонија.
Активностите беа поделени во паралелни сесии.
Претставници од невладините организации од ЛАГ ја презентираа важноста на зголемување на јавната свест и улогата на заедницата во селектирање на цврст отпад и заштита на животната средина; Претставници од Луцера ја презентираа нацрт верзија на веб страната, додека претставник од КЈП Водовод Кочани изврши едукација за животната средина со осврт кон управување со цврст отпад и употреба на обновливи извори на енергија на наставниците од предшколска возраст кои потоа им ги пренесоа своите знаења на децата од детската градинка.
Во посебна сесија претставници од сите проектни партнери си ги разменија искуствата од едукација на ученици од предшколска возраст со цел креирање на Документ за стратешко партнерство во кој ќе се беше презентирана нацрт верзија на веб страната како и избор на лого на проектот.
15.04.2019 КЈП Водовод Кочани
Активности од првиот тренинг настан за Проектот " My Virtual Town "
Во рамките на проектот ,,My virtual town" финансиран од средства на Еразмус плус програмата во период од 25-30 Март, 2019 година во Кочани, Р.Северна Македонија се одржа првиот тренинг настан со проектните партнери од Р.Словенија и Р.Бугарија.
Во паралелна сесија работните групи составени од претставници на средните училишта и претставници од МАГА,КСЕНА и КЈП Водовод Кочани работеа на усвојување на задачите за натпреварот помеѓу учениците.
Во другата сесија претставници од општина Пазарџик, КЈП Водовод Кочани одржаа повеќе презентации насочени кон Организација на администрацијата, обврски и одговорности на локалните самоуправи; Организација и одговорности на Градскиот совет со фокус на можностите за граѓански иницијативи; Услуги од јавен карактер (управување со цврст отпад)-технички аспект и правен и економски аспект.
Првиот тренинг настан заврши со дискусија, заклучоци и определување на понатамошните чекори од страна на претставниците на сите проектни партнери.
01.04.2019 Кочани
Активности од Вториот состанок за Проектот " My Virtual Town "
Во рамките на проектот " My Virtual Town "финансиран со средства од ЕРАЗМУС + програмата во период од 24-25 Јануари во Велење – Рeпублика Словенија се одржа вториот состанок со проектните партнери од Р.Словенија, Р.Македонија и Р. Бугарија .
Состанокот го отвори претставник на ЛУВ со краток вовед за задачите и целта на состанокот. Една од активностите на состанокот беше кратка презентација на предлог за лого на проектот од сите проектни парнери и избор на лого. Исто така беше претставена и нацрт верзија за дизајнот на веб страната за проектот.
Во паралелни сесии работни групи составени од претставници на средните училишта и претставници од МАГА, КСЕНА и КЈП Водовод Кочани работеа на усвојување на материјалите за обука во согласност со различностите во националните образовни програми пред прифаќање на финалната верзија на програмите за обука.
Паралелна сесија 2 членови на заеднички тим на проектот за подготовка на документот работеа за конечно прифаќање на содржината на документот за стратешко партнерство .
Управниот одбор на состанокот направи увид на извршените задачи од паралелните сесии, беа соопштени предизвиците како и организирање на идните проектни активности. Паралелно имаше состанок со лидерите на проектните тимови од секој партнер во проектот и учесниците во заедничкиот проектен тим за активностите за дисеминација .
Вториот состанок заврши со дискусија, заклучоци и определување на понатамошните чекори од страна на претставниците на сите проектни партнери.
05.02.2019 КЈП ,,Водовод,, Кочани
АРХИВА
На ден 28.11.2013 година во Кочани се одржа првата Транснационална конференција за нискотемпературни геотермални ресурси во Југоисточна Европа во склоп на проектот GeoSEE
На конференцијата која е дел од проектот „Искористување на нискотемпературните геотермални ресурси во Југоисточна Европа – GeoSEE“ беа претставени неколку презентации.
Според агендата првата презентација беше на претставникот на „KSSENA“ од Република Словенија со наслов:Основни информации за „GeoSEE“ проектот.
Следуваа презентациите на професор Сања Поповска Василевска претставник на МАГА за Основни податоци на проектните партнери во „GeoSEE“ проектот и преглед на геотермалните потенцијали во земјите на Југоисточна Европа. За потенцијалите на Геотермалниот Систем,, Геотерма,, презентација одржа претставникот на КЈП Водовод Кочани Љупчо Гаштеовски со наслов:Геотермалните потенцијали на Кочанската Котлина.
Професорот Славе Арменски имаше презентација со наслов: ,,Прелиминарните проектни резултати за пилот локацијата во Кочани. Една од главните теми на оваа конференција е всушност пилот проектот во Општина Кочани за користење на потенцијалот на биомаса во Кочанската котлина кој во комбинација со геотермалната енергија може да се употреби во т.н. хибридни системи за топлификација.
Најнов проект на кој работи Бирото за Развој
ЕУ ФОНД: SEE ПРОГРАМА
Наслов на проектот
Иновативно искористување на нискотемпературните геотермални ресурсиво Југоисточна Европа - GeoSEE
Кликнете на линкот за да го видите документот