РЕ Комунална хигиена - најнови информации

РЕ „Комунална хигиена“ во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ), преку Отворениот регионален фонд за модернизација на општинските услуги (ORF MMS), и со поддршка на швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC) го спроведе проектот „Собирање податоци за цврстиот отпад во Југоисточна Европа“.

Во рамките на овој проект во текот на 1 недела од секој период од 2015 година извршени се мерења на вага на сите возила кои се вклучени во системот на управување со отпад  во КЈП „Водовод“ Кочани.
Направена е морфолошка анализа на отпадот за секој период од годината (зима, пролет, лето, есен).
Земени се примероци од три различни  генератори на отпад и тоа:
- Колективни домови (стамбени згради);
- Индивидуални домови и
- Рурални места
Сублимиран резултат од анализата и мерењата се дадени во следните табели и графикон.

 

 

grafikon

 

tabela1

tabela2

Архива

 РЕ Комунална Хигиена во месец јули презеде акција за поставување на нови клупи и канти за смет во централното градско подрачје. 

DSC 0093DSC 0094 

 Со акцијата беа поставени 40тина нови канти за смет и десетина нови клупи. Со тоа Комуналното Јавно Претпријатие ,,Водовод,, ја продолжува традицијата за одржување на хигиената и разубавување на градот Кочани.

 

 Механичарите и браварите од Работната Eдиница „Комунална хигиена“  заедно со техничкиот директор  Александар Евтимов, направија „ново“ комунално возило. Тоа чини 6 000 евра......сметајки ги сите вложувања, а ќе замени возило со иста намена, кое, ако се набави ново, има пазарна вредност од осумдесетина илјади евра. Работниците и техничкиот за да заштедат и истовремено да добијат механизација која овозможува подигнување на контејнери што собираат 5 м3 смет и нивен транспорт, го искористија своето знаење, искуство и чувство за иновација. Стари и репарирани делови вградија во исто така старо возило и сето тоа го направија така што функционира одлично. „Новото“ комунално возило од утре ќе биде во промет.

      

 

„Доколку се набави ново вакво комунално возило-подигнувач на контејнер, ќе треба да се потрошат помеѓу 60 и 80 илјади евра. Освен оваа заштеда, има и други придобивки : квалитено, побрзо и поевтино сервисирање, заштеда на гориво и мазиво, полесна манипулација со него и многу помали средства за одржување, за разлика од другите слични возила кои ‘прават’ многу поголеми трошоци“, објасни техничкиот директор  Александар Евтимов, во стопанскиот двор на КЈП, при демонстрацијата на можностите и функционалноста на старо-новото комунално возило, иновирано и рекомпонирано од работници на РЕ „Комунална Хигиена“. 

         

 

KЈП „Водовод“ доби новото возило за собирање на отпад. Возилото е од италијанската марка „Ивеко“ ,а во него е специјално вградена опрема од српскиот производител „Ватроспрем“.

        

 Возилото е со капацитет од 5 м³, со можна компресија од 5:1, а димензиите со кои располага ќе може да се користи и на терени кои досега беа недостапни

Освен подобрување на квалитетот при собирање на отпад, ќе се обезбеди и поголема заштеда на горивото како и сите други трошоци околу сервисирањето. Со новото возило ќе можат да се празнат помалите контејнери, до 1м³ или истовремено и две канти за смет со капацитет од 80 – 240 литри.

          
Најголемиот дел на средствата се обезбедени од Владата на Јапонија, како и дел е обезбеден од Општината Кочани.

 

 

Како и секоја година и во 2012 година Локалната самоуправа ангажираше повеќе вработени

кои заедно со вработените во КЈП Водовод ги одржуваат зелените површини во градот и околината. Ова лето беше преземена акција за расчистување на зеленилото по главните улици во н.Оризари како и расчистување на зелената површина околу АСНОМ како и игралиштето и скалите кои водат кон него.

КЈП ,,Водовод,, Кочани со цел да ги подобри своите комунални услуги кон граѓаните набави ново товарно возило за изнесување на комунален отпад.

Камионот е марка DAF, има капацитет од 16 м3, со степен на компресија од 6:1 и механизми за утовар на контејнери од 1,1 м3 и стандардни канти за комунален отпад.