ПРОЕКТ ОТПАДНИ ВОДИ

ПРОЕКТ ОТПАДНИ ВОДИ

СЕКТОР МЕНАЏМЕНТ

РЕ Комунална хигиена - општи податоци

РАКОВОДИТЕЛ

Благој Андов 

Работната Единица ,,Комунална Хигиена,, сe грижи за навремено, квалитетно и континуирано собирање на смет(метење и миење), транспортирање и депонирање на сметот од домаќинствата, претпријатијата и другите правни лица.

Основните задачи на РЕ ,,Комунална Хигиена ,, се:

•Собирање, транспорт и депонирање на сметот од домаќинствата, претпријатијата и другите правни лица

•Одржување на јавни прометни површини по програма

•Поправка, сервисирање, редовно и навремено одржување на целокупниот возен парк на КЈП “Водовод”.

•Поставување, поправка и одржување на комунална опрема

•Учество при релизација на проекти на ниво на КЈП “Водовод”.  

Покрај редовното собирање на смет  во Кочани и приградските населби како и градскиот пазар РЕ ,,Комунална Хигиена,,  периодично врши  и расчистување на теренот околу градскиот стадион, градскиот базен и АСНОМ. Периодично врши и расчистување на теренот околу манастирот Св. Василиј Велики на Пониква. Оваа работна единица ги одржува и  детските игралишта во градскиот парк, Сиви Дом, Калиманова глава и на други локации во градот. 

Расчистувањето на дивите депонии кои се појавуваат во околината на градот Кочани и околните села е исто така една од задачите на оваа работна единица. 

Количината на изнесен смет е околу 38000  м3 (на годишно ниво) или околу 20000 тони смет . 

Во првата зона (секојдневно)  за одржување на Јавно прометните површини  се опфатени: 

•улици                                                              18.640 м2

•тротоари                                                           8.460 м2

•плоштад и трговски центар                            3.200 м2 

  

Во втората зона (еднаш неделно) се опфатени: 

•улици                                                              32.850 м2

•тротоари                                                         5.440 м2

 

ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ СМЕТКИ