Повик за прибирање понуди

Повик за прибирање на понуди

          И З В Е С Т У В А Њ Е

 

          За реализација на Проектот ,,Изградба на пречистителна станица за отпадни води,, КЈП,,Водовод,, - Кочани, упатува повик за прибирање на понуди од правни и физички лица, за изнајмување на простор за складирање на материјали за реализација на проектот.

Потребниот простор треба да биде со површина до 2000 м2 со асфалтиран пристапен пат, заграден, обезбеден и осветлен, на оддалеченост до 1 км од Стопански двор  на КЈП,,Водовод,,.

Рок на поднесување на понудите: 5 работни дена од денот на објавување на повикот (заклучно со 13.09.2016г.)

         Понудите да бидат доставени на официјалната веб-страна: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , или во архивата на управната зграда на КЈП,,Водовод,, Кочани.

         07.09.2016                                                               КЈП,,Водовод,,-Кочани