РЕ Заеднички служби - општи податоци
ВД.ДИРЕКТОР
Перо Георгиевски
ПОМОШНИК ДИРЕКТОР ЗА ТЕХНИЧКИ ПРАШАЊА
Драганчо Ставрев
ПОМОШНИК ДИРЕКТОР ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА
Јасминка Димова
Основна дејност на РЕ ,,Заеднички служби,, е вршење на сите активности од заеднички интерес на претпријатијето поврзани со финансиско-комерцијалниот, административен и правен аспект на работењето како и обезбедувањето на имотот на претпријатието
РЕ ,,Заеднички служби,, има 3 сектора и тоа:
1.Финансово-комерцијален сектор
2.Општо-кадров сектор
3.Сметководство
Во општо-кадров сектор се подготвуваат сите потребни материјали и правни акти за работењето на управните органи во претпријатието, како и потребните решенија, одлуки и други акти за остварувањето на правата и обврските на вработените во претпријатието.
- Правната служба која функционира во рамките на општо-кадровиот сектор ги извршува работите од областа на работни односи,застапување и тужење,извршување на решенија и обезбедување на имот.
- Финансово-комерцијалниот сектор ја извршува функцијата за наплата на побарувањата кои ги остварува претпријатието со пласман на своите услуги, набавка на репро материјали и суровини за процесот на производство, услуги за реализација на истите како и нивна продажба.
Вработените во книговодството се грижат за секојдневно книжење на документацијата и настанатите измени во финансиската и материјалната евиденција преку имплементираната програма согласно меѓународните сметководствени стандарди.
Преку оваа служба се изготвуваат периодичните и годишните извештаи за финансиско-материјалното работење на претпријатието.