ИЗВЕСТУВАЊЕ
16.10.2023 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани Ве известуваме дека со Одлука на Совет на Општина Кочани бр.09-1743/1 од 27.09.2023 година за изменување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење на просторот за паркирање на подрачјето на Општина Кочани се изврши измена на висината на комуналната такса за користење на просторот за паркирање на временски ограничените паркинг –простори на моторни возила и тоа:
-20 ден. од час ;
-100,00 ден. од час за паркирање на товарни моторни возила и автобуси;
-30 ден. од час за паркирање приколки;
КЈП,,Водовод,,Кочани
****
16.10.2023 ИЗВЕСТУВАЊЕ за раскинување на Анекс на основниот договор за погребални услуги
од КЈП,,Водовод,,Кочани
Почитувани Ве известуваме дека со Одлука бр.02-341/2 од 06.10.2023 година, донесена од страна на Управен одбор на КЈП,,Водовод,,Кочани , го раскинуваме Анекс кон основниот договор за погребални услуги , асо тоа е прекината наплатата на 100,00 ден. за солидарен погреб сметано од фактурите за 10 ти месец 2023 година.
Со донесената одлука за прекинување на наплата на 100,00 ден. за солидарен погреб, Управниот одбор на КЈП,,Водовод,,Кочани го утврди и начинот на исполнување на обврската кон граѓаните кои имаат склучено Анекс кон основниот договор за погребални услуги , а сеуште го немаат искористено ова право.
Во т.3 од Одлуката бр.02-341/2 од 06.10.2023 година,УО при КЈП,,Водовод,,Кочани не задолжи обврските кои произлегуваат од склучените Анекс договори КЈП,,Водовод,,Кочани да ги исполни на начин и во постапка како што е опишано во следниве точки:
1. КЈП,,Водовод,,Кочани превзема обврска на сите овие корисници да им издаде потврда за износот уплатен од нивна страна до моментот на донесување на оваа Одлука. Овие средства ќе бидат исплатени од страна на КЈП,,Водовод,,Кочани во оној момент кога корисникот ќе има потреба од погребна услуга. Паричните средства ќе бидат префрлени на трансакциска сметка на носителот на склучениот договор или потесен член на семејството.
2. КЈП,,Водовод,,Кочани да даде можност на писмено барање на корисникот, уплатените парични средства да бидат искомпензирани со долг по факури за комунални услуги кои корисникот ги има спрема давателот КЈП,,Водовод,,Кочани, се до целосно искористување на уплатениот износ.
Доколку се одлучите за било кој од начините за обештетување, Ве повикуваме да поднесете писмено барање во Центарот за односи со корисници при КЈП,,Водовод,,Кочани.
16.10.2023 год. КЈП,,Водовод,,Кочани
Кочани Директор
Перо Георгиевски
****
06.10.2023
Во согласност со одобрението бр.03-1700/2 од 21.09.2023 год. (наш бр. 03-311/2 од 22.09.2023 год.) издадено од Општина Кочаниза користење на простор за организирање на панаѓур во Кочани и одлука бр. 02-341/4 од 06.10.2023 год., донесена од Управниот одбор на КЈП Водовод Кочани, за утврдување на нова почетна цена за јавно наддавање за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур во 2023 год., Комисијата за спроведување на постапката за јавно наддавање, формирана со одлука бр.02-317/2 од 22.09.2023 год. од страна на Управниот одбор, објавува
О Г Л А С
за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур по пат на јавно наддавање
- Традиционалниот Кочански панаѓур ќе се одржи во Кочани на КП бр.15493/1 и КП бр.15493/2, на дел од ул.„Скопска“ што граничи со КП бр.15493/2 и дел од ул.„4-та Македонска бригада“со вкупна површина од 3000 м2.
- Панаѓурот ќе се одржи во периодот од 19.10.2023 год. до 23.10.2023 год. (четврток, петок, сабота, недела и понеделник)
- Почетната цена за јавното наддавање изнесува 1.560.000,00 ден. + ДДВ, со праг на наддавање минимум 10.000,00 ден.
- Јавното наддавање ќе се спроведе на ден 10.10.2023 год. во 11.00 часот во просториите на КЈП Водовод Кочани, ул.Д-р Николиќ бр.64, Кочани.
- Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар за вршење дејности од забавен и рекреативен карактер, кои немаат обврски спрема КЈП Водовод Кочани и кои ќе уплатат 10% од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација.
Како доказ да се достави Тековна состојба не постара од 6(шест) месеци и доказ за активна трансакциска сметка.
Уплатата ќе се врши на ж-ска 300050000008715Комерцијална банка Скопје.
- На јавното наддавање доколку се јави и еден учесник ќе биде реализирано.
Доколку не успее и второто јавно наддавање, организацијата на Кочанскиот панаѓур ќе ја преземе КЈП Водовод Кочани.
- На излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да плати и 18% ДДВ.
- Излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да ја уплати истиот ден по завршување на лицитацијата, на сметка на КЈП Водовод Кочани.
- Со најповолниот понудувач КЈП Водовод ќе склучи Договор, во кој подетално ќе бидат дефинирани правата и обврските на двете договорни страни.
- КЈП Водовод Кочани ќе има обврска да ја исчисти и подготви локацијата за непречено организирање на панаѓурот, да обезбеди вода, да обезбеди санитарни чвора и истите да ги одржува и редовно да врши чистење од отпадоци за време на одржување на панаѓурот.
- Обврска на закупецот е да обезбеди осветлување на патеките и просторот каде ќе бидат поставени тезгите како и приклучокот за електрична енергија за корисницитекои ќе имаат потреба од истата(грилови, крофни, шеќерен памук и друго).
Приклучокот на електрична енергија за забавниот парк не е обврска на КЈП Водовод Кочани, туку на закупецот, односно на правното лице со кое ќе се склучи Договорот.
- Заинтересираните кандидати за подетални информации можат да се обратат на тел. бр.033/279-112.
- Огласот ќе трае до денот и часот на закажаното јавно наддавање (10.10.2023 год до 11 часот.)
****
28.09.2023 О Г Л А С
Во рамките на Проектот “Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во комуналното јавно претпријатие во Општина Кочани“, КЈП ”Водовод” Кочани има обврска од времен ангажман на две лица кои ќе бидат дел од новоформираниот тим за намалување на загубите на вода.
Се повикуваат сите заинтересирани лица што ги исполнуваат следниве услови да се пријават на Јавниот повик за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од новоформираниот тим за намалување на загубите на вода:
Начин на ангажирање : Договор на дело
Временскиот ангажман : период од 7 месеци.
Потребни стручна подготовка
- Завршено Средно образование (предност ќе имаат лицата од техничките средни училишта)
Финансиски надомест: За периодот во кој ќе бидат ангажирани лицата ќе добиваат месечно нето износ од 22 000 денари.
Заинтересираните лица да се пријават по електронски пат на емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 05.10.2023 година. При пријавувањето задолжително да напишат Име и Презиме, завршено образование како и да остават број на мобилен телефон за контакт
Изборот ќе се изврши преку интервју на ден 06.10.2023 година, а за точното време на интервјуто заинтересираните лица кои ги исполнуваат условите ќе бидат информирани по емаил или на контактниот телефонски број.
****
25.09.2023 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Во согласност со одобрението бр.03-1700/2 од 21.09.2023 год. (наш бр. 03-311/2 од 22.09.2023 год.) издадено од Општина Кочаниза користење на простор за организирање на панаѓур во Кочани и одлука бр. 02-317/3од 22.09.2023 год., донесена од Управниот одбор на КЈП Водовод Кочани, за утврдување почетна цена за јавно наддавање за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур во 2023 год., Комисијата за спроведување на постапката за јавно наддавање, формирана со одлука бр.02-317/2 од 22.09.2023 год. од страна на Управниот одбор, објавува
О Г Л А С
за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур по пат на јавно наддавање
- Традиционалниот Кочански панаѓур ќе се одржи во Кочани на КП бр.15493/1 и КП бр.15493/2, на дел од ул.„Скопска“ што граничи со КП бр.15493/2 и дел од ул.„4-та Македонска бригада“со вкупна површина од 3000 м2.
- Панаѓурот ќе се одржи во периодот од 19.10.2023год. до 23.10.2023 год. (четврток, петок, сабота, недела и понеделник)
- Почетната цена за јавното наддавање изнесува 1.800.000,00 ден. + ДДВ, со праг на наддавање минимум 10.000,00 ден.
- Јавното наддавање ќе се спроведе на ден 03.10.2023 год. во 12.00 часот во просториите на КЈП Водовод Кочани, ул.Д-р Николиќ бр.64, Кочани.
- Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар за вршење дејности од забавен и рекреативен карактер, кои немаат обврски спрема КЈП Водовод Кочани и кои ќе уплатат 10% од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација.
Како доказ да се достави Тековна состојба не постара од 6(шест) месеци и доказ за активна трансакциска сметка.
Уплатата ќе се врши на ж-ска 300050000008715Комерцијална банка Скопје.
- На јавното наддавање потребно е да учествуваат минимум двајца учесници-правни лица.
Во случај да не успее јавното наддавање веднаш ќе се објави нов оглас за јавно наддавање, на кое доколку се јави и еден учесник ќе биде реализирано.
Доколку не успее и второто јавно наддавање, организацијата на Кочанскиот панаѓур ќе ја преземе КЈП Водовод Кочани.
- На излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да плати и 18% ДДВ.
- Излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да ја уплати истиот ден по завршување на лицитацијата, на сметка на КЈП Водовод Кочани.
- Со најповолниот понудувач КЈП Водовод ќе склучи Договор, во кој подетално ќе бидат дефинирани правата и обврските на двете договорни страни.
- КЈП Водовод Кочани ќе има обврска да ја исчисти и подготви локацијата за непречено организирање на панаѓурот, да обезбеди вода, да обезбеди санитарни чвора и истите да ги одржува и редовно да врши чистење од отпадоци за време на одржување на панаѓурот.
- Обврска на закупецот е да обезбеди осветлување на патеките и просторот каде ќе бидат поставени тезгите како и приклучокот за електрична енергија за корисницитекои ќе имаат потреба од истата(грилови, крофни, шеќерен памук и друго).
Приклучокот на електрична енергија за забавниот парк не е обврска на КЈП Водовод Кочани, туку на закупецот, односно на правното лице со кое ќе се склучи Договорот.
- Заинтересираните кандидати за подетални информации можат да се обратат на тел. бр.033/279-112.
Претседател на Комисија
****
01.09.2023 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради изведба на технички работи, во градската болница на ден 01.09.2023 (Петок) во период од 11ч до 13ч ќе има прекин на водоснабдувањето.
Ви благодариме за разбирањето!
КЈП Водовод Кочани
******
15.08.2023 И З В Е С Т У В А Њ Е
Поради дефект на водоводна линија дел од улиците ,,Роза Петрова" ,,1-ви Мај" ,, Бел Камен" ,,Сремска" и Мало Стопанство ќе останат без вода денес 15.08.2023 година (Вторник) до 19 часот
КПЈ Водовод
***
23.07.2023 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Невремето кое го зафати Кочанскиот регион, предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија во ПС Грдовци.
Прекинот на еле.енергија предизвика прекин во водоснабнувањето.
Откако екипите на ЕВН ќе го решат проблемот со еле.енергија, потребни се 1-2 часа за да се нормализира водоснабдувањето.
Ви благодариме за разбирањето!
КЈП Водовод Кочани
****
19.06.2023 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Настанатиот дефект на цевководот за водоснабдување на корисниците од висока зона е доста комплексен. Екипите на КЈП Водовод Кочани открија дека дефектот се наоѓа во коритото на Кочанска Река. За таа цел екипите на Водовод со тешка механизација ќе работат најпрво на пренасочување на реката, со цел да се создадат услови за отстранување на дефектот. Заради комплексноста, се предвидува дефектот да биде отстранет во текот на денешниот или утрешниот ден.
Цистерни со техничка вода се испратени на улиците на кои е прекинато водоснабдувањето.
Ви благодариме за разбирањето!
КЈП Водовод Кочани
****
17.06.2023 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Поради непристапноста на теренот од обилните врнежи и надојдената вода, настанат е дефект кај дел од корисниците на висока зона, без вода ќе останат корисниците до целосно решавање на проблемот и тоа: ул.,,Коста Рацин", дел од ул.,,Ударничка", дел од ул.,, Шукри Шаин", ул.,,14-та бригада", населба Драчевик, населба Варница, ул.,,Бел Камен", с. Бели, ул. ,, Скопска" и ул.,,Охридска".
Ви благодариме на разбирањето!
КЈП Водовод Кочани
****
30.03.2023 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради дефект на водоснабдителната мрежа ,селата Тркање и Бања ќе останат без вода за пиење на ден 30.03.2023г. од 08:00 до 13:00ч.
Ви благодариме за разбирањето!
КЈП Водовод Кочани
******
07.03.2023 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради дефект на водоснабдителната мрежа, без водоснабдување до утре (08.03.2023г.) до 13:00ч. ќе останат жителите на населба Дрчевик.
Ви благодариме за разбирањето!
КЈП Водовод Кочани
*****
Врз основа на член 25 од Статутот на КЈП,,Водовод,,Кочани Управниот одбор на КЈП,,Водовод,,Кочани на својата 18-та седница одржана на ден 23.12.2022година донесе
О Д Л У К А
За ослободување од камата за заостанат долг
Член 1
СЕ ОДОБРУВА корисниците на услуги на КЈП,,Водовод,,Кочани, физички лица кои имаат заостанат долг за извршени комунални услуги (тужен, извршен и редовен), да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање доколку го платат целосно во предвидениот рок.
Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење од денот на донесување до 31.03.2023година.
По истекот на рокот од став 2 на овој член, оваа одлука престанува да се применува.
Член 2
Одлуката не важи за правните лица, органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно со Уставот и со Закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон , а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија и Општина Кочани, вклучително и Општина Кочани.
Член 3
Каматата за задоцнето плаќање која ќе произлезе во наредната сметка за комунални услуги, а врз основа на извршената уплата на заостанатиот долг до денот на плаќање, ќе биде финансиски одобрена.
Член 4
Се задолжува Сметководство, Книговодствена служба, Одделение за наплата пласман и продажба и Одделение за застапување со физички и правни лица за спроведување на оваа одлука.
Член 5
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето и ќе важи до ден 31.03.2023 година согласно чл.1 и ст.2 од оваа Одлука.
Управен одбор
Претседател
____________
Ристе Георгиев
****
23.02.2023 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани,
Ве известуваме дека поради голем дефект на водоснабдителната мрежа во висока зона, без вода за пиење до утре 24.02.2023 до 12:00ч.ќе останат нас. Трајаново Трло, нас. Усова Чешма, Колерски гробишта, дел од улиците Шукри Шајн и Стамен Манов
Ви благодариме за разбирањето!
КЈП Водовод Кочани
06.02.2023
****
02.02.2023И З В Е С Т У В А Њ Е
Почитувани,
Согласно позитивните законски прописи, а со цел регулирање на меѓусебните односи како давател и корисник на комунални услуги (правни и физички лица)имате за обврска да потполните и потпишете примерок од Договорот за комунални услуги кој e во согласност со вршење на Вашата дејност и сопственост,и затоа Ве замолуваме да го симнете (download) од странатададен во прилог,и заверен одВаша страна најкасно во рок до 28.02.2023 год. го доставите до Центарот за односи со корисници при КЈП,,Водовод,,Кочани.
Договорот за комунални услуги за физички лица може да го симнете овде
Договорот за комунални услуги за правни лица ( соодветно на дејноста) може да го симнете овде
- Трговска и индустриска дејност
Со почит! КЈП,,Водовод,,Кочани
****
25.01.2023 И З В Е С Т У В А Њ Е
Врз основа на член 76 став (1) од Законот за минерални суровини
(Службен Весник на Република Македонија бр.
136/12,25/13,93/13,44/14,160/14,129/15,39/16,53/16,120/16,189/16и 7/19), Владата
на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 28 јануари 2020
година донесе Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за
издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и
концесии за експлоатација на минерални суровини.
Согласно Законот за минерални суровини, КЈП „Водовод“ Кочани како
концесионер за експлоатација на минерална суровина –Геотермалана вода, секоја
година најдоцна до 31 декември во тековната година врши усогласување на
надоместокот за експлоатација на ГТВ согласно дадената формула Kn=(Em*(M1-
HC)*K) и според просечната рафинериска цена на мазутот во ден/кг од
предходната календарска година.
Согласно Законските прописи КЈП „Водовод“ изработи калкулација за утврдување
на цена на м3 геотермална вода за 2023 година, усогласувајќи го надоместокот за
концесија кој е составен дел од цената на геотермална вода за м3 согласно
Тарифникот за пресметка на надоместоци за експлоатација на минерални
суровини и истата е доставена и усвоена од страна на Управен Одбор со Одлука
број.02-458/4 од 23.12.2022 година.
Надоместокот за концесија се утврдува на основа просечната рафинериска цена на
мазутот во 2022 година која изнесува 51,223 ден/кг, помножена со 4,41 кг мазут и
коефициент на зафаќање од 0,075, односно надоместокот за концесија за
екслоатација на минерална суровина геотермална вода за 2023 година по м3
изнесува 16,94 денари(51,223*4,41*0,075=16,94).
Поаѓајќи од последната цена за м3 ГТВ усвоена со Одлука на Советот бр.09-2207/1
од 14.11.2022 година која изнесува 61,90денари (49,89ден/м3 +12,01 ден. за
концесиски надоместок), се врши усогласување за износот на концесискиот
надоместок од 16,94 денари, односно новата цена на геотермална вода по м3
треба да изнесува 66,83 денари (49,89+19,94=66,83) и истата ќе се применува по
добиена согласност од Советот на Општина Кочани.
Новата цена на ГТВ споредена со цената која се применуваше досега врз основа на
Одлука на Советот бр.09-2207/1 од 14.11.2022 година. На износ од 61,90 денари
бележи зголемување за 4,93 денари како резултат на зголемениот концесиски
надоместок од 12,01 ден. на 16,94 ден., кој КЈП „Водовод“ Кочани согласно законот
за минерални суровини мора да го пресметува и да го уплаќа на сметка на
Министерството за финансии.
25.01.2023
КЈП „Водовод“ Кочани
****
11.01.2023 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради реконструкција на водоводна мрежа од висока зона денес дел од
корисниците (Ромско маало, Трајаново трло и Усова Чешма) ќе останат без
вода од 9:00 до 15:00 часот.
Ви благодариме за разбирањето!
КЈП Водовод Кочани
*****
29.12.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
КЈП Водовод Кочани донесе одлука за отпис на камата на сметките за физички лица.
Одлуката можете да ја видите ОВДЕ
Со почит
КЈП Водовод Кочани
*****
29.12.2022
Почитувани Корисници
Во рамките на проектот Пречистителна станица за отпадни води во
Кочани финансиран со донација од Владата на Швајцарската
конфедерација, како една од обврските на КЈП Водовод Кочани, е годишно
ажурирање на базата на корисници во делот на
локации (индивидуални или станбени објекти) на кои не се живее (сопственикот
со семејството живее во странство, во некој друг
град во нашата држава или поседува станбен објект а живее на друга локација)
подолго од една година.
Се замолуваат сите Корисници на комунални услуги кои имаат вакви објекти
во општина Кочани, да поднесат Барање за промена
на статусот на локацијата најдоцна до 28.02.2023 година, заедно со потпишана
Изјава и потребните придружни документи наведени
во документот Барање.
Документите (Барањето и Изјавата) можат да се добијат во писмена форма
во Центарот за односи со корисниците на КЈП Водовод
Кочани или да се симнат од веб страната на КЈП Водовод
Барањето со пропратните документи (наведени во истото), може да се достави
лично во просториите на Центарот за
односи со корисниците на КЈП Водовод Кочани (кој се наоѓа веднаш до
канцелариите на Здружението на
пензионерите), или по електронски пат да се достави скенирана верзија
од сите потребни документи на
емаил адресата : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .
Оние Корисници кои нема да достават Барање до 28.02.2023, или на
кои Барањето ќе им биде непотполно,
ќе бидат ажурирани како редовни корисници на кои ќе им бидат
фактурирани сите комунални услуги
секој месец (почнувајки од Март 2023 година).
ВАЖНО: Обврската важи и за Корисниците кои имаат претходно
поднесувано и одобрено Барање и станува
редовна Годишна обврска на овие Корисници!
Линк за Барањето ОВДЕ
Линк за Изјава ОВДЕ
Со почит
КЈП Водовод Кочани
****
28.12.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради реконструкција на мерна шахта на улица Дуди Ханум, корисниците
од дел од улицата Стамен Манов, Шукри Шајн и Ударничка ќе останат
без вода за пиење од 08:00ч до 14:00ч.
Ви благодариме за разбирањето!
КЈП Водовод Кочани
****
27.12.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради дефект на главна водоснабдителна мрежа, корисниците од висока
зона и дел од средна зона ќе останат
без вода од 11:00ч до 15:00ч.
Ви благодариме за разбирањето!
КЈП Водовод Кочани
****
26.12.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради дефект на главна водоснабдителна мрежа, корисниците од висока
зона и дел од средна зона ќе останат
без вода од 10:00ч до 15:00ч.
Ви благодариме за разбирањето!
КЈП Водовод Кочани
*****
26.10.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради дефект на водоснабдителната мрежа, корисниците на дел од улицата
Гоце Делчев и дел од улицата Маршал Тито
( поранешна ВМРО) ќе останат без водоснабдување до отстранување на дефектот.
Ви благодариме за разбирањето!
КЈП Водовод Кочани
****
26.10.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради дефект на водоснабдителната мрежа, корисниците од Усова Чешма,
Трајаново Трло и Ромско маало
ќе останат без водоснабдување до 13:00ч.
Ви благодариме за разбирањето!
КЈП Водовод Кочани
****
18.10.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради дефект на водоснабдителната мрежа, корисниците од јужниот дел
од с.Грдовци на излезот кон с. Зрновци
ќе останат без водоснабдување до утре 19.10.2022 (Среда) до 12:00ч.
Ви благодариме за разбирањето!
КЈП Водовод Кочани
****
12.10.2022И З В Е С Т У В А Њ Е
Се известуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да закупат
простор за користење на градскиот
панаѓур кој ќе се одржи во периодот од 20.10.2022 год. до
23.10.2022 година, за информации да се
јават кај правното лице ЛУНА 22 БЕТИ ЗДРАВКО ДИМОВА ЗАНАЕТЧИЈА
БИТОЛА на тел:
075-207-170 - Панде
077-623-852 - Борис КЈП ВОДОВОД - КОЧАНИ
****
10.10.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Во согласност со одобрението бр.03-1885/2 од 27.09.2022 год. (наш бр.
03-309/2 од 27.09.2022 год.) издадено од Општина Кочаниза користење на простор за
организирање на панаѓур во Кочани и одлука бр. 02-319/5 од 10.10.2022
год., донесена од Управниот одбор на КЈП Водовод Кочани, за утврдување
почетна
цена за јавно наддавање за организирање на традиционалниот Кочански
панаѓур во 2022 год., Комисијата за спроведување на постапката за јавно
наддавање, формирана со одлука бр.02-319/4 од 29.09.2022 год. од страна на Управниот о
дбор, објавува
О Г Л А С
за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур по пат на јавно
наддавање
- Традиционалниот Кочански панаѓур ќе се одржи во Кочани на КП бр.15493/1 и КП бр.15493/2,
- на дел од ул.„Скопска“ што граничи со КП бр.15493/2 и
- дел од ул.„4-та Македонска бригада“.
- Панаѓурот ќе се одржи во периодот од 20.10.2022 год. до 23.10.2022 год. (четврток, петок, сабота и недела)
- Почетната цена за јавното наддавање изнесува 1.570.000,00 ден. + ДДВ, со праг на наддавање минимум
- 10.000,00 ден.
- Јавното наддавање ќе се спроведе на ден 12.10.2022 год. во 10.00 часот во просториите на КЈП
- Водовод Кочани, ул.Д-р Николиќ бр.64, Кочани.
- Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен
- регистар за вршење дејности од забавен и рекреативен
- карактер, кои немаат обврски спрема КЈП Водовод Кочани и кои ќе уплатат 10% од почетната
- цена за лицитација до почетокот на самата лицитација.
Како доказ да се достави Тековна состојба не постара од 6(шест) месеци и доказ за активна
трансакциска сметка.
Уплатата ќе се врши на ж-ска 300050000008715Комерцијална банка Скопје.
- На јавното наддавање потребно е да учествуваат минимум двајца учесници-правни лица.
Во случај да не успее јавното наддавање веднаш ќе се објави нов оглас за јавно наддавање,
на кое доколку се јави и еден учесник ќе биде реализирано.
Доколку не успее и второто јавно наддавање, организацијата на Кочанскиот панаѓур ќе ја
преземе КЈП Водовод Кочани.
- На излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да плати и 18% ДДВ.
- Излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да ја уплати истиот ден по
- завршување на лицитацијата, на сметка на КЈП Водовод Кочани.
- Со најповолниот понудувач КЈП Водовод ќе склучи Договор, во кој подетално ќе бидат
- дефинирани правата и обврските на двете договорни страни.
- КЈП Водовод Кочани ќе има обврска да ја исчисти и подготви локацијата за непречено
- организирање на панаѓурот, да обезбеди вода, да обезбеди
- санитарни чвора и истите да ги одржува и редовно да врши чистење од отпадоци за
- време на одржување на панаѓурот.
- Обврска на закупецот е да обезбеди осветлување на патеките и просторот каде ќе
- бидат поставени тезгите како и приклучокот за електрична енергија
- за корисницитекои ќе имаат потреба од истата(грилови, крофни, шеќерен памук и
- друго).
Приклучокот на електрична енергија за забавниот парк не е обврска на КЈП Водовод Кочани,
туку на закупецот, односно на правното лице со кое ќе се склучи
Договорот.
- Заинтересираните кандидати за подетални информации можат да се обратат на
- тел. бр.033/279-104.
Претседател на Комисија
_________________
****
Во согласност со одобрението бр.03-1885/2 од 27.09.2022 год. (наш бр. 03-309/2
од 27.09.2022 год.) издадено од Општина Кочаниза користење на простор за
организирање на панаѓур во Кочани и одлука бр. 02-319/3од 29.09.2022 год., донесена
од Управниот одбор на КЈП Водовод Кочани, за утврдување почетна
цена за јавно наддавање за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур во
2022 год., Комисијата за спроведување на постапката за јавно
наддавање, формирана со одлука бр.02-319/4 од 29.09.2022 год. од страна на Управниот
одбор, објавува
О Г Л А С
за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур по пат
на јавно наддавање
- Традиционалниот Кочански панаѓур ќе се одржи во Кочани на КП бр.15493/1 и КП бр.15493/2,
- на дел од ул.„Скопска“ што граничи со КП бр.15493/2 и
- дел од ул.„4-та Македонска бригада“.
- Панаѓурот ќе се одржи во периодот од 20.10.2022 год. до 23.10.2022 год. (четврток, петок,
- сабота и недела)
- Почетната цена за јавното наддавање изнесува 1.800.000,00 ден. + ДДВ, со праг на наддавање
- минимум 10.000,00 ден.
- Јавното наддавање ќе се спроведе на ден 07.10.2022 год. во 12.00 часот во просториите на КЈП
- Водовод Кочани, ул.Д-р Николиќ бр.64, Кочани.
- Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен
- регистар за вршење дејности од забавен и рекреативен
- карактер, кои немаат обврски спрема КЈП Водовод Кочани и кои ќе уплатат 10% од почетната
- цена за лицитација до почетокот на самата лицитација.
Како доказ да се достави Тековна состојба не постара од 6(шест) месеци и доказ за активна
трансакциска сметка.
Уплатата ќе се врши на ж-ска 300050000008715Комерцијална банка Скопје.
- На јавното наддавање потребно е да учествуваат минимум двајца учесници-правни лица.
Во случај да не успее јавното наддавање веднаш ќе се објави нов оглас за јавно наддавање,
на кое доколку се јави и еден учесник ќе биде реализирано.
Доколку не успее и второто јавно наддавање, организацијата на Кочанскиот панаѓур ќе ја
преземе КЈП Водовод Кочани.
- На излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да плати и 18% ДДВ.
- Излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да ја уплати истиот ден по
- завршување на лицитацијата, на сметка на КЈП Водовод Кочани.
- Со најповолниот понудувач КЈП Водовод ќе склучи Договор, во кој подетално ќе бидат
- дефинирани правата и обврските на двете договорни страни.
- КЈП Водовод Кочани ќе има обврска да ја исчисти и подготви локацијата за непречено
- организирање на панаѓурот, да обезбеди вода, да обезбеди
- санитарни чвора и истите да ги одржува и редовно да врши чистење од отпадоци за
- време на одржување на панаѓурот.
- Обврска на закупецот е да обезбеди осветлување на патеките и просторот каде ќе
- бидат поставени тезгите како и приклучокот за електрична
- енергија за корисницитекои ќе имаат потреба од истата(грилови, крофни, шеќерен
- памук и друго).
Приклучокот на електрична енергија за забавниот парк не е обврска на КЈП Водовод Кочани,
туку на закупецот, односно на правното лице со кое
ќе се склучи Договорот.
- Заинтересираните кандидати за подетални информации можат да се обратат на
- тел. бр.033/279-104.
Претседател на Комисија
_________________




05.06.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради поголем зафат на водоводната мрежа на ниска зона, корисниците од ниска зона
нискиот дел и дел од Трговски центар
Блок Б ќе останат без вододоснабдување до 14 часот.
Ви благодариме за разбирањето.
КЈП Водовод Кочани
*****
08.04.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
За сите корисници, на ден 10.04.2022 во Недела ќе има прекин во водоснабдувањето од
8:00 до 17:00 часот, поради второ
преспојување на реконструираниот дел на главниот цевковод.
Ви благодариме на разбирањето до сите корисници
КЈП ,, Водовод“-Кочани.
****
24.03.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Поради дефект на водоводна линија во с.Тркање, корисниците од с.Тркање- висока зона на
притисок кои се снабдуваат
од резервоарот ќе останат без вода денес и утре (24.03.2022 и 25.03.2022) до санација на
дефектот.
Ви благодариме на разбирањето
КЈП,,Водовод,, Кочани
****
24.03.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
За сите корисници на ден 27.03.2022 во Недела ќе има прекин во водоснабдувањето од 8:00 до
17:00 часот, поради преспојување
на реконструираниот дел на главниот цевковод во близина на бунарскиот систем кај Главната
Пумпна станица ,,Грдовски орман“.
Ви благодариме на разбирањето до сите корисници
КЈП ,, Водовод“-Кочани.
****
02.03.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Поради прекин на електрична енергија во пумпна станција Варница, ќе има прекин на
водоснабдување во с.Бели во
период од 09:00 до 14:00ч.
КЈП Водовод Кочани
****
16.02.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради санација на главната водоснабдителната мрежа на висока зона можно е да има прекин
во водоснабдувањето во
период од 10:00 до 15:00ч. во н. "Усова Чешма", "Трајаново Трло", с. Бели и населба ,,Бејрут".
Ви благодариме на разбирањето.
КЈП Водовод Кочани
****
18.01.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Како дел од Проектот за Третман на отпадни води-Кочани во тек се изведуваат градежни работи за
поврзување на дел од стариот систем на отпадна вода со новиот колекторски систем. Градежните
работи се изведуваат интензивно кај Машинскиот мост кај Основен Суд. Во следните неколку дена
дел од отпадната вода ќе истекува во Кочанска река.
Ви благодариме за разбирањето
КЈП Водовод Кочани
****
18.01.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради дефект на водоводна линија има прекин во водоснабдувањето на ул. Маршал Тито" и
Трговски Центар Блок Б од
10:30 до 11:30ч.
Ви благодариме на разбирањето.
КЈП Водовод Кочани
****
13.01.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради дефект на водоводна линија има прекин во водоснабдувањето на ул. Ленинова и Стево
Тодосиевски од 9:00 до 10:15ч.
Ви благодариме на разбирањето.
КЈП Водовод Кочани
****
31.12.2021 АПЕЛ
КЈП,,Водовод" упатува апел до сите граѓани на Општина Кочани да се воздржат од палење на
ѓубришта, диви депонии и од фрлање
на запаливи материи во контејнерите за ѓубре.
Воздухот кој го дишеме во градот е резултат на нашите постапки, затоа да се трудиме да придонесеме
кон почист воздух и поздрава
животна средина.
КЈП,,Водовод" - Кочани прави максимални напори за одржување на јавната чистота во градот, како
и со непредвидливите палења на
депониите.
КЈП Водовод Кочани
****
13.12.2021 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Поради лошите временски услови и честите прекини во снабдувањето со електрична енергија
во бунарскиот систем ,,Грдовски Орман",
можни се чести прекини во водоснабдувањето во високите делови од градот.
Ви благодариме на разбирањето.
КЈП Водовод Кочани
****
13.12.2021 ИЗВЕСТУВАЊЕ
КЈП Водовод Кочани, од вчера започна со расчистување на снежните наноси по улиците во
град Кочани. Екипите интервенираа на делот
помеѓу улица Роза Петрова ( Осоговка ) до населба ,,Дрчевик". Према условите екипите ќе
работат на расчистување на клучни делови
на улиците како што се кружни токови, мостови и успони.
КЈП Водовод Кочани
****
09.12.2021 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради дефект на главната водоснабдителната линија во висока зона во вечерните часови
ќе има прекин во водоснабдувањето на дел
од улиците ,,Страшо Ербапче",, Кирил и Методиј", ,,Ударничка", ,,Боро Ловџија", ,
,14 Бригада", ,,Димитрија Лазаров",,,Бел Камен",
,,Охридска", дел од улицата
,,Роза Петрова" (Калиманова Глава),и населба ,,Бејрут".
Екипи од КЈП Водовод утре на ден 10.12.2021 во утринските часови ќе излезат на терен и
во најбрз можен период ќе се обидат да
го отстранат дефектот.
Заради комплексноста на дефектот, не може да се предвиди времетраењето на прекинот.
Ви благодариме на разбирањето.
КЈП Водовод Кочани
****
07.12.2021 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради дефект на водоснабдителната мрежа на висока зона има прекин во водоснабдувањето на
дел од улиците ,,Димитрија Лазаров",
,,Бел Камен", ,,Охридска", с. Бели, дел од улицата ,,Роза Петрова" (Калиманова Глава),
и населба ,,Бејрут".
Екипи од КЈП Водовод излегоа на терен, но заради комплексноста на дефектот, не може
да се предвиди времетраењето на прекинот.
Ви благодариме на разбирањето.
КЈП Водовод Кочани
****
03.12.2021 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Поради испитување на трафостаниците во Препумпна Станица (Стар Филтер ) и Фабрика
за Вода, на ден 03.12.2021година помеѓу 10-12
можно е во дел
од висока зона да има прекин во водоснабдувањето .
КЈП Водовод Кочани
*****
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Поради пробивање на улица Стево Тодосиевски (Ленинова) настануваат дефекти на приклучните инсталации на
срушените објекти и на главната водоводна мрежа поради тоа настануваат чести прекини на
водоснабдувањето на улиците: Стево Тодосиевски (Ленинова), Глигор Апостолов Гочо, Брегалничка, Осми Март и
Лазар Андонов.
Времетраењето на прекините е во зависност од сериозноста на настанатиот дефект.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани, Ве известуваме дека можете да ги плаќате онлајн сметките за
вода на нашата веб страна.
КЈП Водовод Кочани
-----------------
И з в е с т у в а њ е
Почитувани корисници,
Согласно донесените Одлуки на Владата и Министерството за здравство, а со цел превземање
дополнителни и заострени мерки и
активности за превенција од корона вирус, Ве известуваме за следното :
1. Фактурираната количина на вода за месец март 2020 година ќе биде просек од фактурираната
количина од претходните три месеци ;
2. Доколку сакате фактурираната количина на вода да биде согласно состојбата на водомерот, Ве
молиме прочитајте ја истата и по
телефон најдоцна до 25.03.2020 година можете да го информирате реонскиот Читач-инкасант
задолжен за Вашиот реон. Воедно,
доколку сте во можност да доставите слика од водомерот може да ја доставите на некоја од
апликациите на социјалните мрежи
(messenger,viber, whats app и др.)
3. Ваквиот начин на фактурирање (просечна потрошувачка) ќе се применува се до укинување
на мерките донесени од Владата .
Во продолжение на Ваше располагање се дадени телефоните за контакт на Читачите на
Вашиот реон кој со бројка Ви е обележан
во секоја фактура за комунална услуга во делот кај податоците за корисник-физичко лице.
1. Горан Стоименов читач надлежен за реон 4,46,35,39 тел.076/362-724;
2. Љупчо Ристов читач надлежен за реон 5,21,25,27, тел. 071/373-959;
3. Симеон Соколов читач надлежен за реон 7 , тел. 078/270-423;
4.Александар Стојмиловски читач надлежен за реон 23,28,48 тел.075/263-209;
5. Александар Филипов читач за реон 26,29,51 , тел.076/776-875;
6. Ванчо Митев читач за реон 1,41 тел. 078/844-983;
7. Благој Захариев одд.за пласман продажба и наплата тел.076/484-207;
8. Центар за односи со корисници 033/279-125
или на официјалниот маил на КЈП,,Водовод,,Кочани Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Ви благодариме за разбирањето.
КЈП,,Водовод,,Кочани
---------------------------------------------
Почитувани сограѓани, почитувани корисници,
Следејќи ги најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и
активности за превенција
од ширење на корона вирусот согласно информацијата на Управувачкиот комитет за координација
и управување во
системот за управување со кризи и на препораките на Комисијата за заразни болести при
Министерството за здравство, ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ:
Сите Ваши потреби со службите на КЈП,,Водовод,,Кочани да ги извршувате преку телефон
или со електронски пораки(е-маил)
Плаќањето да го вршите преку електронска наплата на веб страницата на претпријатието
( Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ) или
електронските банкарства на Вашите банки.Наплатниот пункт во Центарот за односи со
корисниците при КЈП,,Водовод,,Кочани
е во функција и во крајна потреба можете да го користите, како и некој од досегашните
начини на наплата.
За сите проблеми да ги контактирате Раководителите при КЈП,,Водовод,,Кочани по телефон
и тоа:
Проблеми со водоводни и канализациони инсталации(дефекти, истекувања, нови приклучоци
и слично):
Давор Стојмилов 076/484-208
Проблеми од правна природа (извршувања, тужби, нотарски платни налози, договори опомени
и слично):
Ксенија Басовска 071/215-448
Проблеми поврзани за сметките кои ги добивате од КЈП,,Водовод,,Кочани(корекции, грешки,
барања и слично)
Лазо Тодоров 076/362-658
Раководителите ќе одговорат на Вашите прашања и проблеми ќе Ве упатат во понатамошните
постапки.
Фиксен телефон портирница : 033/279-101 моб.076/362-712
Отворена електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Исто така, Ве известуваме дека Читачите на водомери нема да вршат читање на Вашите
водомери кои се наоѓаат во Вашите
домови туку само водомери кои се наоѓаат во шахта надвор од Вашите домови.
Доколку сакате да добиете сметка со
точна состојба на водомерите, истата може да ја пријавите на читачите на водомери,
на фиксниот телефон или на
раководителот на Пласман продажба и наплата (Лазо Тодоров 076/362-658
или Благој Захариев 076/484-207).
Се надеваме дека ќе ги почитувате нашите препораки, Ви благодариме за
разбирањето.
КЈП,,Водовод,,Кочани
-------------
архива
Одлуките за избор на работници на неопределено време по јавен оглас 2/2019 се:
1(еден) извршител за работно место „ Одговорен инжинер за лабораторија “ , одлука
1(еден) извршител за работно место „Ракувач на хлор апарати“, одлука
____________
рз основа на чл.20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник бр.
27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018,
198/2018 и 143/2019), член 37-и од Законот за Јавни претпријатија(Сл. весник бр.
38/1996; 9/1997; 6/2002;
40/2003; 49/2006; 22/2007; 83/2009; 97/2010; 6/2012; 119/2013; 41/2014;
138/2014; 25/2015; 61/2015; 39/2016;
64/2018 и 35/2019) и чл.22 и 23 од ЗРО (Сл.Весник бр.62/2005, 106/2008,
161/2008, 114/2009, 130/2009,
149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013,
25/2013, 170/2013, 187/2013,
113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 120/2018 и 110/2019),
Директорот на КЈП „Вододвод“
Кочани, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2019
за прием на работници на неопределено време
КЈП Водовод Кочани има потреба од вработување на работници на неопределено време
и тоа: 1 (еден) извршител од
групата на даватели на јавни услуги и 1 (еден) извршител од групата на
помошно-технички лица или вкупно 2 (двајца) извршители.
I. Од групата на даватели на јавни услуги КЈП Водовод Кочани има потреба од вработување
на работници на следните
работни места, со следниот број на извршители:
1(еден) извршител за работно место „ Одговорен инжинер за лабораторија “,
шифра на работно место КДР 03 05 Б01 050во
Одделение Фабрика за вода, Сектор Водовод и канализација, со основна нето плата
19.127,00 денари.
Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
- најмалку ниво на квалификации 180 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен–
Биологија, Хемиска технологија, Хемија,
- најмалку три години работно искуство во струката.
Други посебни услови
- нема
Распоред на работното време
Работни денови: понеделник-петок
Дневно работно време: 07,00-15,00 часот
Работни часови неделно: 40
Напомена: Предвидени вработувања согласно Годишниот план за вработување на
институцијата за 2019 година се: Македонец(ка) 1.
II. Од групата на помошно-технички лица КЈП Водовод Кочани има потреба
од вработување на работници на следните
работни места, со следниот број на извршители:
1(еден) извршител за работно место „Ракувач на хлор апарати“, шифра на работно
место КДР 04 01 A02 019 во Одделение
Фабрика за вода, Сектор Водовод и канализација,со основна нето
плата 14.145,00 денари.
Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
- најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно
средно образование -Хемиска технологија, Биотехника
- работно искуство не се бара.
Други посебни услови
-нема
Распоред на работното време
Работни денови: понеделник - петок
Дневно работно време 07,00-15,00 часот
Работни часови неделно: 40
Напомена: Предвидени вработувања согласно Годишниот план за вработување на
институцијата за 2019 година се: Македонец(ка)
III. Огласот се објавува заради зголемениот обем на работа на КЈП „Водовод “
Кочани и потребата од пополнување на погоре
наведените работни места.
Сите кандидати (и од групата на даватели на јавни услуги и од
групата на помошно-технички лица)треба да ги исполнуваат
следните општи услови:
- Да е државјанин на Република Македонија,
- Активно да го користи македонскиот јазик,
- Да е полнолетен,
- Да има општа здравствена способност за работното место,
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење
професија, должност или дејност.
IV. Сите кандидати (и од групата на даватели на јавни услуги и од групата
на помошно-технички лица)треба да ги
достават следните документи за исполнување на потребните услови за работното
место во оригинал или копија заверена кај нотар:
- Уверение за државјанство,
- Извод од матична книга на родени,
- Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна или прекршочна
санкција, забрана за вршење на професија, дејност
или должност,
- Лекарско уверение за општа здравствена способност,
- Диплома за завршено соодветно образование,
- Потврда за работно искуство доколку се бара (документ од АВРМ),
- Пополнета пријава објавена на ВЕБ страната на КЈП Водовод Кочани.
Постапката за селекција за вработување се состои од проверка на внесените
податоци во пријавата за вработување со условите
утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази и интервју.
Огласот трае 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот
на интернетстраницата на претпријатието и
во дневниот печат-во три дневни весници од кои еден од весниците што се
издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20 %
од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.
Кандидатите пријавите со сите потребни документи да ги достават на адреса:
КЈП Водовод Кочани, Ул.„Д-р Николиќ“ бр.64 Кочани, лично или преку пошта.
Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.
Напомена: Предвидени вработувања согласно Годишниот план за вработување
на институцијата за 2019 година се: 2 (двајца) Македонци.
КЈП „Водовод“ Кочани
Директор
Андреј Киров
____________________
Одлуките за избор на работници на неопределено време по јавен оглас 1/2019 се:
1(еден) извршител за работно место „Дипломиран инженер за геодезија“ одлука
1 (еден) извршител за работно место „Одговорен електро инженер“, одлука
1 (еден) извршител за работно место „Одговорен машински инженер“,одлука
4 (четири) извршители за работно место „Референт-инкасант“, одлука
1 (еден) извршител за работно место „Контролор“, одлука
1 (еден) извршител за работно место „Одржувач на паркови и зеленило“, одлука
1 (еден) извршител за работно место „Метач утоварач“, одлука
2 (двајца) извршители за работно место „Одржувач на канализација“, одлука
1(еден) извршител за работно место „ Возач на лесно возило и средно товарно возило“, одлука
3(три) извршители за работно место „Чувар-патрола “, одлука
1(еден) извршител за работно место „Одржувач на православни гробишта“, одлука
Одлуките за неизбор на работници на неопределено време по јавен оглас 1/2019 се:
1(еден) извршител за работно место „ Одговорен инжинер за лабораторија “ , одлука
1(еден) извршител за работно место „Ракувач на хлор апарати“, одлука
КЈП „Водовод“ Кочани
Директор
Андреј Киров
_________________
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Врз основа на член 25 од Статутот на КЈП,,Водовод,,Кочани Управниот одбор на КЈП,,Водовод,,Кочани
на својата 23 седница одржана на ден 15.11.2019г. донесе
О Д Л У К А
За ослободување од камата за заостанат долг
Член 1
СЕ ОДОБРУВА корисниците на услуги на КЈП,,Водовод,,Кочани,физички и правни лица кои имаат заостанат
долг за извршени комунални услуги (тужен и редовен),
да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање доколку го платат целосно во предвидениот рок.
Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определеновреметраење и
тоа од ден 20.11.2019година до ден 20.12.2019 година.
По истекот на рокот од став 2 на овој член, оваа одлука престанува да се применува.
Член 2
Одлуката не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно
со Уставот и со Закон и институциите кои вршат
дејности од јавен интерес утврден со закон , а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни
претпријатија основани од Република Северна Македонија и
Општина Кочани, вклучително и Општина Кочани
Член 3
Каматата за задоцнето плаќање која ќе произлезе во наредната сметка за комунални услуги, а врз основа на
извршената уплата на заостанатиот долг до денот на плаќање,
ќе биде финансиски одобрена.
Член 4
Се задолжува Сметководство, Книговодствена служба, Одделение за наплата пласман и продажба и Одделение
за застапување со физички и правни лица за спроведување
на оваа одлука.
Член 5
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува од 20.11.2019 година до ден 20.12.2019
година согласно ст.1 и ст.2 одовааОдлука.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Во согласност со одобрението бр.03-1862/2 од 13.09.2019 год. (наш бр.03-403/2
од 16.09.2019 год.) издадено од
Општина Кочаниза користење на простор за организирање на панаѓур во Кочани
и одлука бр. 02-425/2 од 20.09.2019 год.,
донесена од Управниот одбор на КЈП Водовод Кочани, за утврдување почетна цена
за јавно наддавање за организирање на
традиционалниот Кочански панаѓур во 2019 год., Комисијата за спроведување на
постапката за јавно наддавање, формирана
со одлука бр.02-425/3 од 20.09.2019 год. од страна на Управниот одбор, објавува
О Г Л А С
за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур по пат
на јавно наддавање
- Традиционалниот Кочански панаѓур ќе се одржи во Кочани на КП бр.15493/1 и КП бр.15493/2,
- на дел од ул.„Скопска“ што граничи
- со КП бр.15493/2 и дел од ул.„4-та Македонска бригада“.
- Панаѓурот ќе се одржи во периодот од 18.10.2019 год. до 21.10.2019 год.
- (петок, сабота, недела и понеделник)
- Почетната цена за јавното наддавање изнесува 1.550.000,00 ден. + ДДВ, со праг
- на наддавање минимум 10.000,00 ден.
- Јавното наддавање ќе се спроведе на ден 27.09.2019 год. во 11.00 часот во
- просториите на КЈП Водовод Кочани, ул.Д-р Николиќ бр.64,
- Кочани.
- Право на учество на јавното наддавање имаат сите регистрирани правни
- субјекти, кои се регистрирани како правен субјект во Централниот
- регистар, кои немаат обврски спрема КЈП Водовод Кочани и кои ќе уплатат
- 10% од почетната цена за лицитација до почетокот на самата
- лицитација.
Уплатата ќе се врши во благајната на КЈП Водовод Кочани или на ж-ска
300050000008715Комерцијална банка Скопје.
- На јавното наддавање потребно е да учествуваат минимум двајца учесници-правни лица.
Во случај да не успее јавното наддавање веднаш ќе се објави нов оглас за јавно
наддавање, на кое доколку се јави и еден учесник
ќе биде реализирано.
Доколку не успее и второто јавно наддавање, организацијата на Кочанскиот панаѓур
ќе ја преземе КЈП Водовод Кочани.
- На излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да плати и 18% ДДВ.
- Излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да ја уплати истиот ден по
- завршување на лицитацијата, на сметка на КЈП
- Водовод Кочани.
- Со најповолниот понудувач КЈП Водовод ќе склучи Договор, во кој подетално ќе бидат
- дефинирани правата и обврските на двете
- договорни страни.
- КЈП Водовод Кочани ќе има обврска да ја исчисти и подготви локацијата за непречено
- организирање на панаѓурот, да спроведе
- осветлување само на патеките, да обезбеди вода, да обезбеди санитарни чвора и истите
- да ги одржува и редовно да врши
- чистење од отпадоци за време на одржување на панаѓурот.
- Приклучокот на електрична енергија за забавниот парк не е обврска на КЈП Водовод
- Кочани, туку на правното лице со кое ќе се склучи
- Договорот.
- Заинтересираните кандидати за подетални информации можат да се обратат на тел.
- бр.033/279-115. КЈП ВОДОВОД КОЧАНИ
постари објави
И З В Е С Т У В А Њ Е
Врз основа на одлука бр.02-663/3 од 30.11.2018 год., донесена од страна на Управниот одборприКЈП „Водовод“ Кочани,
се известуваат сите корисници
на комунални услуги кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен) дека им се одобрува да го платат без
пресметана камата за задоцнето плаќање.
Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење,
и тоа во периодот од 01.12.2018 год.
заклучно со 21.12.2018 год.
Ваквата можност не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани
согласно со Уставот и со Закон и институциите кои
вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни
претпријатија основани од Република
Македонија и Општина Кочани, вклучително и Општина Кочани.
Во прилог на ова известување е Одлуката бр. 02-663/3 од 30.11.2018 год.
КЈП „Водовод“ Кочани
Врз основа на одобрението добиено од Општина Кочани бр.03-515/2од 24.09.2018 год.
КЈП „Водовод“ Кочани,ја објавува следната:
СТАРИ ОБЈАВИ
КЈП Водовод Кочани
Ул.„Д-р Николиќ“ бр.64 Кочани
Врз основа на чл.20-г од Законот за вработените во јавниот сектор, член 37-и од
Законот за Јавни
претпријатија и чл.22 и 23 од ЗРО, Директорот на КЈП „Вододвод “ Кочани, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 04-437/1
за прием на работник на неопределено време
КЈП Водовод Кочани има потреба од вработување на работник од групата на
даватели на јавни услугина неопределено
време на следното работно место, со број на извршители:
1 (еден) извршител за работно место „Одговорен машински инженер“, со
шифра на работно место КДР 03 05 Б01 045,
во Сектор ИТ и развој, одделение за планирање инвестиции и развој.
Паричен нето износ на плата: 19.717,00 денари
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
$11. Општи услови:
$1- Да е државјанин на Република Македонија,
$1- Активно да го користи македонскиот јазик,
$1- Да е полнолетен,
$1- Да има општа здравствена способност за работното место,
$1- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење
професија, должност или дејност.
- Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
- најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен-Машинство
- најмалку три години работно искуство во струката.
Распоред на работното време
Работни денови: понеделник - петок
Дневно работно време: 07:00 – 15:00 часот
Работни часови неделно: 40
Огласот се објавува поради испразнето работно место во КЈП „Водовод “ Кочани.
Сите кандидати треба да ги достават следните документи за исполнување на
потребните услови за работното место во оригинал
или копија заверена кај нотар:
$1- Уверение за државјанство,
$1- Извод од матична книга на родени,
$1- Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна или прекршочна
санкција, забрана за вршење на професија,
дејност или должност,
$1- Лекарско уверение за општа здравствена способност,
$1- Диплома за завршено соодветно образование,
$1- Потврда за работно искуство
$1- Пополнета пријава објавена на ВЕБ страната на КЈП Водовод Кочани,
пријавата може да ја симнете ОВДЕ
Постапката за селекција за вработување се состои од проверка на внесените
податоци во пријавата за вработување со
условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази и интервју.
Огласот трае 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот
на интернетстраницата на
претпријатието и во дневниот печат-во три дневни весници од кои еден од
весниците што се издаваат
на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните кои зборуваат службен
јазик различен од македонскиот.
Кандидатите пријавите со сите потребни документи да ги достават на адреса:
КЈП Водовод Кочани, Ул.„Д-р Николиќ“ бр.64 Кочани, лично или преку пошта.
Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.
Напомена:Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата
за2018 година се : Македонец(ка) 1.
КЈП „Водовод“ Кочани
Директор
Андреј Киров
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Управниот одбор на КЈП,, Водовод,, Кочани со претходна добиена согласнот од Советот на
општина Кочани на 12та редовна седница донесе одлука под број 02-340 за зголемување на цената на водата и тоа:
-Единечната цена на водата за м3 за домаќинствата ќе изнесува 35,50денари,а
-Единечната цена на водата за м3 за правни лица ќе изнесува 65,00денари.
На истата седница со претходна согласност Управниот одбор донесе одлука под број 02-341 за
зголемување и на цената на канализацијата, и тоа:
-Единечната цена за канализација по м3 вода за домаќинствата ќе изнесува 15,00денари,а
-Единечната цена за канализација по м3 вода за правни лица ќе изнесува 18,00денари.
Погоре наведените единечни цени ќе почнат да се применуваат од 01.07.2014 година.
Ве известуваме дека образецот БАРАЊЕ - ПОВЕКЕНАМЕНСКИ ОБРАЗЕЦ кој можете да го добиете
во нашата служба можете да го симнете и од нашиот вебсајт со кликнување ОВДЕ. Образецот е
DOC формат така што може да биде пополнет и на компјутер. Пополнетиот образец треба да го
одштампате и да го потпишете и да го донесете во нашата служба да го предадете.
КЈП ВОДОВОД КОЧАНИ