ИЗВЕСТУВАЊЕ 2020 год.

22ри Март 2021

Светски ден на водата

Проектот за третман на отпадни води Кочани и Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, и двата финансирани од Швајцарската Влада, во рамки на планираните активности за зголемување на јавната свест, организираат ликовен конкурс на тема “Штедиме и прeчистуваме вода-потребна ни е за во иднина“. Ликовниот натпревар се организира во соработка со Јавните комунални претпријатија каде се спроведуваат двата проекти (Кочани, Виница, Делчево, Берово и Пехчево).

Правила за учество

Кој може да учествува

На конкурсот може да учествуваат сите ученици од 6-9 одделение од општините Кочани, Виница, Делчево, Берово и Пехчево.

Тема на конкурсот

Штедиме и прeчистуваме вода-потребна ни е за во иднина”- во која е опфатено штедењето на водата, заштитата на водните ресурси, третман на отпадните води, повторна употреба на веќе искористената вода и друго.

Објавување и крајни рокови:

Конкурсот ќе биде објавен на следниве WEB-страници:

КЈП ВОДОВОД КОЧАНИ

www.vodovodkocani.com.mk

 ЈПК ,,БРЕГАЛНИЦА,,-ДЕЛЧЕВО

www.jkpbregalnica.mk

ЈПКР "УСЛУГА" - БЕРОВО

jpkrusluga-berovo.com.mk

Ги повикуваме наставниците по ликовно образование, да ги изберат најдобрите 10 цртежи од секое училиште, да ги фотографираат и како PDF документ да ги испратат на следниве адреси:

-За Кочани и Виница

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , најдоцна до 18 Март 2021, 13часот

-За Делчево, Берово, Пехчево

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , најдоцна до 18 Март 2021, 13часот

Вкупната големина на пораката не треба да надминува 12MB.

Во насловот на пораката треба да биде напишано “Штедиме и прeчистуваме вода-потребна ни е за во иднина “, и училиштето и градот од каде што се испратени. Сите избрани цртежи треба да се испратат заедно.

На секој цртеж треба да има испишано шифра, но никако не смее да стои името и презимето на ученикот.

Оригиналните цртежи треба да се достават во просториите на Јавното комунално претпријатие во Вашиот град најдоцна до 15 часот на 18 Март 2021.

Оценување и награди

Оценувањето ќе биде направено од страна на Швајцарскиот Консултант ЕБП одговорен за спроведување на проектите.

Во секој од петте града ќе бидат наградени најдобрите 3 цртежи (вкупно 15 награди). Истите ќе бидат објавени на погоре споменатите web-страници, со комплетни информации за ученикот, наставникот и училиштето. Предвидена награда за 1 место за секој од 5-те града е паметен “смарт “ часовник.

Наградите ќе им бидат доделени на добитниците во секое од комуналните претпријатија на 22 Март 2021, кога е Меѓународниот ден на водите.

За сите дополнителни информации можете да ја контактирате Јулијана Лапевска на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

                                         ------------------------------------------------------

 

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ

ПОБРЗО! ПОЛЕСНО! ПОСИГУРНО! НА РАСТОЈАНИЕ!

ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ НА ФАКТУРИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ

 

КЈП Водовод Кочани на своите корисници им овозможува онлајн плаќање на фактурите за комунални услуги со цел корисниците да избегнат чекање во редови пред пунктовите на КЈП Водовод или пред банките.

Корисниците имаат две опции за онлајн плаќање:

 

1. Брзо плаќање- на страната vodovodkocani.com.mk се избира БРЗО ПЛАЌАЊЕ; во формата се пополнува БРОЈ НА ФАКТУРА која корисникот сака да ја плати и валидна ЕМАИЛ АДРЕСА. Се отвара форма во која се гледаат податоците за соодветната фактура. Корисникот се согласува со политиките на програмата и кликнува на копчето ПЛАТИ. Понатаму корисникот ги внесува податоците од неговата платежна картичка.

Кориснкот на неговата емаил адреса (која претходно веќе ја внел) добива известување за платената фактура.

 

2. ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ- на страната vodovodkocani.com.mk  се избира ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ; за прва најава во платформата потребно е да внесете -КОРИСНИЧКА ШИФРА и ЛОЗИНКА од последната добиена фактура за комунални услуги. Веднаш потоа МОРА да се направи промена на лозинката. Значи ја внесувате ЛОЗИНКАТА од фактурата (стара лозинка), потоа внесувате СВОЈА ЛОЗИНКА (нова лозинка), и ја потврдувате СВОЈАТА ЛОЗИНКА. Откако ќе добиете потврда дека успешно Ви е сменета лозинката ,можете да пристапите кон преглед, печатење или плаќање на фактурите.

За ПЛАЌАЊЕ на фактурите -ЧЕКИРАТЕ која фактура ќе ја плаќате; потоа се согласувате со политиката на платформата; можете и да внесете валидна емаил адреса за подоцна да добиете потврда за платена фактура. Со кликање на копчето ПЛАТИ одите на следната форма каде се внесуваат податоците од Вашата платежна картичка.

3.Исто така корисниците имаат опција за САМОСТОЈНО внесување на состојбата на водомерите на нашата онлајн страна. Со внесување на БРОЈ НА ФАКТУРА и валидна ЕМАИЛ АДРЕСА се отвара платформата за внесување на состојби. Корисниците можат да внесат и слика од водомерот. Во НОВА СОСТОЈБА се внесува последната состојба од водомерот.

 

Сите информации во врска со плаќањето или со внесување на состојби на водомери онлајн можете да ги добиете во период од 07:00ч до 15:00ч на тел.број 033/279-101 или на 076/362-655.

КЈП Водовод Кочани

 

 

 

Известување

КЈП Водовод Кочани за потребите на активности поврзани со Follow Up фазата од проектот Пречистителна Станица за отпадни води – компонента за институционален развој, финансиран од Владата на Швајцрската конфедерација, како свое финансиско учество во проектот, има потреба од ангажирање на едно лице со завршен Економски факултет (завршено образование од VII/1 степен односно 240 кредити).

Временскиот период за ангажманот на лицето е предвиден да започне на 01.02.2021 година со пробен/тест период од 2 месеци, и во случај на позитивно оценет ангажман (од страна на Швајцарскиот консултант EBP) во пробниот период, ќе трае до завршување на проектот односно до 31.12.2021 година. Напомена: Позитивно оценетото работење ќе биде предуслов за можноста за вработување на лицето во КЈП Водовод Кочани на неопределено време, по завршување на времениот ангажман.

Основните работни задачи на новоангажираното лице, како член на Проектниот тима на КЈП Водовод Кочани, ќе бидат поврзани со работењето на Центарот за односи со корисниците, координација на активности поврзани со ажурирањето на базата на корисниците, како и припрема и доставување на извештаи поврзани со пласманот и наплатата на комуналните услуги за потребите на менаџментот на КЈП Водовод Кочани. Месечниот надомест за работењето ќе изнесува 22.989,00 МКД во нето износ.

Сите заинтересирани невработени лица кои го исполнуваат гореспоменатиот услов за завршено стручно образование се замолуваат да достават свои контакт податоци како и Писмо за интерес/Мотивационо писмо на емаил адресата на КЈП Водовод Кочани Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 22.01.2021 година до 12:00 часот.

За лицата кои ќе покажат интерес ќе биде организирано интервју на ден 26.01.2021 година во точно определен временски термин за секој од заинтересираните кандидати, за кој ќе бидат навремено известени.

Изборот на најдобриот кандидат ќе биде извршен од страна на Евалуациона комисија составена од претставници на КЈП Водовод Кочани и Швајцарскиот консултант EBP, а врз основа на евалуација на доставеното Писмо за интерес/Мотивационо писмо (0-5 поени) како и покажаните квалитети за време на извршеното интервју (0-10 поени).

                                                                                                                                КЈП Водовод Кочани

 

 

 

pravnisubjekti