Раководител: Зоран Георгиев
тел: + 389 (0) 71 226 397
email: zoranchogeorgiev@yahoo.com

Сектор ,,Водовод и канализација” преку своето функционирање овозможува достапност на доволна количина на здраствено исправна вода за пиење на корисниците согласно барањата, стандардите и нормите за квалитетна вода и собирање и одведување на фекалните отпадни води до одредени реципиенти.

Овој сектор е организиран да работи преку 5 одделенија.

  • Одделение: Одржување и реконструкција на водоводна мрежа, баждара и изработка на нови приклучоци
  • Одделение: Одржување на канализациона мрежа, градба на нови и

реконструкцуија на постоечки делови од водоводната и канализационата мрежа

  • Одделение: ,,Бунарски систем” препумпни станици и резервоари и пумпни станици
  • Одделение: Фабрика за вода
  • Одделение: Технички работи и услуги

Во рамките на Секторот се реализираат и обврски кои  произлегуваат при сезонско функционирање и континуирано следење и одржување на фонтаната ,,Зрно“.

Секторот ја организира и врши работата на филтер станицата на Градскиот базен за времетраење на сезонскиот летен период на работа на Градскиот базен.