КЈП “Водовод” Кочани ја известува јавноста дека поради настанат дефект на главна водоводна линија f200 кон Бање и Тркање во моментот е прекинато водоснабдувањето кон крајните корисници во овие две села. Се работи за посериозен дефект на водоводна линија од која истекува 80 l/s, што предизвика поплавување на просторот околу дефектот. Екипите на Сектор водовод и канализација денес беа на терен и работеа на обезводнување на теренот околу дефектот при што машините беа заглавени во кал во земјоделски површини и неа беа во можност да пристапат до местото за работа. Санацијата на дефектот е предвидена по целосно обезводнување на просторот во текот на утрешниот ден, а до тогаш крајните корисници во Бање и Тркање ќе останат исклучени од водоснабдувањето.

Во соработка со ТППЕ Кочани, ДПД Кочани и Општина Кочани денес во 17 часот ќе бидат обезбедени цистерни со техничка и вода за пиење во овие населени места каде што е прекинато водоснабдувањето.

КЈП “Водовод” Кочани упатува извинување до граѓаните за потешкотиите со кои ќе се соочат поради исклучувањето од водоводната мрежа поради настанатиот дефект и им благодари на разбирањето.