КЈП “Водовод” Кочани ја известува јавноста дека поради настанат дефект на главна водоводна линија кон висока зона во моментот е прекинато водоснабдувањето кон крајните корисници на ул.”Питу Гули”, дел од ул.”Страшо Ербапче”, ул.”Охридска”, ул.”Пиринска”, ул.”Кирил и Методиј”, ул.”Христијан Карпош”, ул.”Васил Главинов”. Исто така водоснабдувањето ќе биде прекинато кон населбите 14 Бригада, Бејрут и с. Бели Се работи за посериозен дефект на водоводна линија од која истекува 100 l/s, што предизвика поплавување на просторот околу дефектот во коритото на Кочанска река. Сите екипите на Сектор водовод и канализација денес се на терен и работат на целосна дефектажа и брзо отклонување на проблемот. Санацијата на дефектот е предвидена до попладневните часови во текот на денешниот ден, а до тогаш крајните корисници на задане дел висока зона ќе останат исклучени од водоснабдувањето.

КЈП “Водовод” Кочани упатува извинување до граѓаните за потешкотиите со кои ќе се соочат поради исклучувањето од водоводната мрежа поради настанатиот дефект и им благодари на разбирањето.