КЈП “Водовод” Кочани ја известува јавноста дека поради настанат дефект на главна водоводна линија кон село Бање во моментот е прекинато водоснабдувањето кон крајните корисници во ова село. Екипите на Сектор водовод и канализација од денес беа на терен и работеа на обезводнување на теренот околу дефектот. Санацијата на дефектот е предвидена по целосно обезводнување на просторот во текот на утрешниот ден, а до тогаш крајните корисници во селото Бање ќе останат исклучени од водоснабдувањето.

КЈП “Водовод” Кочани упатува извинување до граѓаните за потешкотиите со кои ќе се соочат поради исклучувањето од водоводната мрежа поради настантиот дефект и им благодари на разбирањето.