Поради посериозен дефект на водоводна мрежа, денес со прекини беше водоснабдувањето до крајните корисници на дел од улица “Македонска”, “Руен”, “Искра” од населбата Усова чешма. Исто така со повремени прекини беше и водоснабдувањето на дел од улиците “Евлија Челебија” и “Блаже Поп Арсов”.
Прекинот со водоснабдувањето до крајните корисници ќе биде до отстранување на дефектот, а најдоцна до утре попладне.
КЈП “Водовод” Кочани упатува извинување до граѓаните за потешкотиите со кои се соочија поради прекинот во водоснабдувањето и им благодари на разбирањето.