КЈП “Водовод” Кочани ја известува јавноста дека денес 25.10.2024 година (петок) од 18 часот ќе биде исклучено водоснабдувањето на улица “Гоце Делчев” во Кочани на кракот од продавницата “Тоцо – Муце” до последниот мост на патот кон Брана Градче (кај Крстана).

Поради дефект настанат поради ископ за реконструкција на улицата, денеска после 18 часот без вода ќе остане кракот од улица “Гоце Делчев”.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до утре кога ќе биде саниран настантиот дефект, а најдоцна до 10 часот.

КЈП “Водовод” Кочани упатува извинување до граѓаните за потешкотиите со кои ќе се соочат поради исклучувањето од водоводната мрежа поради настанатиот дефект и им благодари на разбирањето.