КЈП “Водовод” Кочани ја известува јавноста дека денес 13.12.2024 година (петок) од 15 часот ќе биде исклучено водоснабдувањето во с. Бање.
Поради дефект настанат со притисокот на главна линија ф100 во с. Бање денеска после 15 часот без вода ќе остане оваа село.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до утре кога ќе биде саниран настанатиот дефект, а најдоцна до попладневните часови.
КЈП “Водовод” Кочани упатува извинување до граѓаните за потешкотиите со кои ќе се соочат поради исклучувањето од водоводната мрежа поради настанатиот дефект и им благодари на разбирањето.