КЈП “Водовод” Кочани ја известува јавноста дека денес 17.12.2024 година (вторник) од 14 часот ќе биде исклучено водоснабдувањето на средна зона во Кочани.
Поради дефект настанат на улица “Тошо Арсов” денеска после 15 часот без вода ќе остане средна зона како и улиците “Маршал Тито”, “Страшо Ербапче”, с. Бели.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до целосна санација на настанатиот дефект, а најдоцна до вечерните часови.
КЈП “Водовод” Кочани упатува извинување до граѓаните за потешкотиите со кои ќе се соочат поради исклучувањето од водоводната мрежа поради настанатиот дефект и им благодари на разбирањето.