КЈП “Водовод” Кочани ја известува јавноста дека од утре 04.09.2024 година (среда) поради дефект на специјално комунално возило за собирање на контејнери од 5 м3 се до санација на дефектот услугата за собирање на отпад од овие контејнери ќе биде во прекин.
КЈП “Водовод” Кочани активно работи на сервисирање на настанатиот дефект и се очекува истиот да биде саниран за неколку денови, по што ќе продолжи нормалното фунционирање и собирањето на отпад од контејнери од 5 м3 и истото ќе се одвива според претходно утврдениот распоред.
Бидејќи дефектот е настанат на хидроулична пумпа поради исфрлен градежен шут во контејнери за комунален отпад од страна на несовесни граѓани, КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот !!!
КЈП “Водовод” Кочани упатува извинување до граѓаните за потешкотиите со кои ќе се соочат поради дефектот на специјалното комунално возило и им благодари на разбирањето.