Теренски работни активности за санација на дефект на крстосницата помеѓу улиците “Гоце Делчев” и “Јане Сандански” во Кочани на 26 февруари 2024 година

Екипите на сектор Водовод и канализација заедно со градежната екипа работат на санација на посериозен дефект на крстосницата помеѓу улиците “Гоце Делчев” и “Јане Сандански”. Активно се работи на отстранување на дефект на главна водоводна линија ф150 кој е настанат под инсталација за струја и друга кабелска инфраструктура, па поради тоа е отежнат пристапот до водоводната линија.

КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до граѓаните за внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патот, на местото каде ќе се одвиваат градежни активности!

КЈП “Водовод” Кочани упатува извинување до граѓаните за потешкотиите со кои се соочија поради прекинот во водоснабдувањето и им благодари на разбирањето.