По реакции на социјалните медиуми дека за време на изминатиот викенд несовесни граѓани исфрлиле комунален кабаст отпад на локација во с. Г. Подлог, екипите на сектор Комунална хигиена денес излегоа на терен. Констатирано е дека несовесен граѓанин исфрлил поголема количина на отпад на место кое не е предвидено за таа намена, а дел е исфрлено и на приватен имот. За ваквата состојба се известени комунални инспектори во Општина Кочани за навремено да поднесат соодветни поднесоци против сторителот.
Вработени од сектор Комунална хигиена заедно со механизација од градежна оператива денеска целосно го исчистија просторот на кој беше исфрлена поголема количина на кабаст комунален отпад.
Акциите за расчистување на диви депонии од расфрлан отпад од несовесни граѓани ќе продолжат и во текот на наредните денови на други места во градот и во населените места во Кочани.
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот !!!