Теренски работни активности за поправка на дефекти на водоводна и канализациона мрежа, санација на ударни дупки и оштетени сливни решетки за атмосферска отпадна вода

Екипите на сектор Водовод и канализација во текот на изминатата седмица извршија активности за санација на оштетена сливна решетка за амтосферска отпадна вода која минува низ улица “Тодосија Паунов”.

Екипите на сектор Водовод и канализација во текот на изминатата седмица извршија активности за санација на запушени шахти и ударни дупки на улица “Крум Вранински” и улица “Вера Которка”.

Екипите на сектор Водовод и канализација во текот на изминатата седмица извршија активности за санација на оштетен вентил на водомер на улица “Тодосија Паунов” пред блок на згради за индивидуално домување, по што водосонабдувањето до крајните корисниците беше нормализирано.

Екипите на Сектор водовод и канализација во текот на изминатата седмица вршеа активности за расчистување и санација на запушени шахти, одводи и канализации на повеќе локации во Кочани и населените места.

КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до своите корисници за рационално и одговорно користење на водата, за да се намалат дефектите на водоводната мрежа и да се овозможи функционирање на системот без рестрикции!

КЈП “Водовод” Кочани упатува апел до граѓаните за внимателно и одговорно користење на канализационата мрежа !!!