Теренски работни активности на сектор Градско зеленило на 02 февруари 2024 година
Екипите од секторот Градско зеленило во соработка со Општина Кочани спроведуваат акција за кастрење и сечење на гранки, грмушки и диво израснато зеленило како и расчистување на тротоарите и рабниците во населбата Бејрут.
Акциите за расчистување на тротоарските површини од израснати растенија и нивно метење од расфрлан отпад од несовесни граѓани ќе продолжат и во текот на наредните денови на други улици во градот и во населените места во Кочани.
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот !!!