ПРОЕКТ ОТПАДНИ ВОДИ

ПРОЕКТ ОТПАДНИ ВОДИ

СЕКТОР МЕНАЏМЕНТ

РЕ Геотерма - општи податоци

РАКОВОДИТЕЛ

Сашко Иванов 

Работна Единица „ГЕОТЕРМА“ е формирана 1984 година. Како резултат на развојните програми на РМ и Општината Кочани во областа на геолошките и хидрогеолошките истражувања со акцент на искористувањето на геотермалната вода во Кочанската котлина.

Со верифицирање на лежиштето Подлог-Бања со вкупен биланс на резерви од над 157. 000.000 м3 геотермална вода со температура од 72оС се створија предуслуви за изградба на Системот Геотерма. Системот е технолошка целина од 5 експлоатациони бунари, пумпно-дистрибутивна станица, комплетна дистрибутивна мрежа и делумно изграден реинекционен систем.

Системот Геотерма овозможува експлоатација и дистрибуција на геотермалната вода со средна температура од 75оС и инсталиран капацитет од 300л/сек. и годишна експлоатација од 1.400.000 м3 геотермална вода. 

Во актуелниот момент системот целосно го топлифицира оранжерискиот комплекс и врши топлификација на реонот на град Кочани, а се користи и во ниско температурни технолошки процеси.

Исклучително поволните оцени за квалитетот на геотермалната вода посебно од аспект на благородните својства и стабилниот хемизам, отвараат можност за широка развојна лепеза во насока  на рекреативно-балнеолошки и други цели.  

Единечна цена по м3 геотермална вода се утврдува согласно Методологијата за формирање на цените на одделни видови енергија (Сл.Весник на РМ) и тарифниот систем за продажба на геотермална енергија (Службен весник на РМ бр.12/2012 во примена од 27.01.2012 год.). Цената на геотермалната енергија е 31,60 ден/м3.

ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ СМЕТКИ