ПРОЕКТ ОТПАДНИ ВОДИ

ПРОЕКТ ОТПАДНИ ВОДИ

СЕКТОР МЕНАЏМЕНТ

РЕ Водовод и Канализација - општи податоци

РАКОВОДИТЕЛ 

Зоран Јорданов 
Основна задача на РЕ „Водовод и канализација” е експлоатација и дистрибуција на вода за пиење. Оваа Работна Единица  овозможува снабдување со потребна количина на здравствено исправна вода за пиење на корисниците согласно барањата, стандардите и нормите за квалитетна вода за пиење и собирање и одведување на атмосферските и фекалните отпадни води до одредени реципиенти.  

Системот за водоснабдување кој обезбедува вода за пиење на градот Кочани и девет населени места (Грдовци, Прибачево, Оризари, Горни и Долни Подлог, Мојанци, Бања, Тркање и Бели) преставува збир од  хидротехнички објект (бунари, препумпни станици,  собирни резервоари, примарна и секундарна водоводна мрежа и фабрика за преработка на вода за пиење. Вкупниот број на (куќни и индустриски) водомери изнесува околу 12500, а вкупниот број на корисници изнесува околу 38 000 жители

Мониторингот и управувањето на дневната потрошувачка на вода се врши преку СКАДА систем и повеќе мерни уреди (електромагнетни протокомери, мерачи на притисок, мерачи на ниво во резервоарите, вентили за регулација на притисокот во водоснабдителната мрежа и сл.)

Вкупна должина на системот за водоснабдување е 156 км. Дистрибутивната мрежа се состои од цевководи со различен профил, а во системот работат 13 бунари со проток од 250 л/сек. со главна пумпна станица и 8 други пумпни станици по зони и населби, со резервоарски простор од 3550 м3 што е 24 % од дневната потрошувачка (проток) на системот

Канализациониот систем започнал да се гради од шеесетите години  па се до денес и се надградува во зависност од урбаниот развој на градот. Канализациониот систем е димензиониран како систем кој треба да врши одведување на фекалните и атмосферските води до реципиентот Кочанска река. Вкупната канализациона мрежа изнесува приближно 80км, а самата мрежа се состои од цевководи со различен профил

РЕ Водовод и канализација според актуелната систематизација е организиран да работи преку три сектори и тоа : 

1.Сектор : Фабрика за преработка на вода за пиење, пумпни станици

2.Сектор : Одржување на водоводна мрежа, баждара и изработка на нови приклучоци

3.Сектор:  Канализација 

Годишно се испорачуваат околу 4.300.000 м3 вода за пиење до корисниците.

 

ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ СМЕТКИ