Вие сте на: ПОЧЕТНА
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани корисници,
КЈП „Водовод“ - Кочани ви дава можност за брзо и лесно плаќање на сметките како и внесување на состојбите од водомерите.
За таа цел Комуналното јавно претпријатие на својата официјална веб-страница воведе услуга „Брзо плаќање“, на која граѓаните по електронски пат, на брз и едноставен начин можат да ги платат своите фактури за комунални услуги.
Втората услуга што ја воведе КЈП „Водовод“ е самостојно внесување на состојбата на броилото, при што корисниците имаат можност да ја внесат состојбата на броилото и да внесат слика од него. Внесувањето на состојбата на броилото може да се направи во период од 15 до 25 во тековниот месец.
___________
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Врз основа на член 25 од Статутот на КЈП,,Водовод,,Кочани Управниот одбор на КЈП,,Водовод,,Кочани на својата 44-таседница одржана на ден 01.12.2020 година
ја донесе следната: О Д Л У К А
За ослободување од камата за заостанат долг
Член 1
СЕ ОДОБРУВА корисниците на услуги на КЈП,,Водовод,,Кочани, физички и правни лица кои имаат заостанат долг за извршени комунални услуги (тужен и
редовен), да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање доколку го платат целосно во предвидениот рок.
Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење и тоа од ден 01.12.2020 година до ден 25.12.2020 година.
По истекот на рокот од став 2 на овој член, оваа одлука престанува да се применува.
Член 2
Одлуката не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно со Уставот и со Закон и институциите кои вршат
дејности од јавен интерес утврден со закон , а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна
Македонија и Општина Кочани, вклучително и Општина Кочани.
Член 3
Каматата за задоцнето плаќање која ќе произлезе во наредната сметка за комунални услуги, а врз основа на извршената уплата на заостанатиот долг до
денот на плаќање, ќе биде финансиски одобрена.
Член 4
Се задолжува Сметководство, Книговодствена служба, Одделение за наплата пласман и продажба и Одделение за застапување со физички и правни
лица за спроведување на оваа одлука.
Член 5
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува од 01.12.2020 година до ден 25.12.2020 година согласно ст.1 и ст.2 од
оваа Одлука.
Известување
КЈП Водовод Кочани за потребите на активности поврзани со Follow Up фазата од проектот Пречистителна Станица за отпадни води – компонента за институционален развој, финансиран од Владата на Швајцрската конфедерација, како свое финансиско учество во проектот, има потреба од ангажирање на едно лице со завршен Економски факултет (завршено образование од VII/1 степен односно 240 кредити).
Временскиот период за ангажманот на лицето е предвиден да започне на 01.02.2021 година со пробен/тест период од 2 месеци, и во случај на позитивно оценет ангажман (од страна на Швајцарскиот консултант EBP) во пробниот период, ќе трае до завршување на проектот односно до 31.12.2021 година. Напомена: Позитивно оценетото работење ќе биде предуслов за можноста за вработување на лицето во КЈП Водовод Кочани на неопределено време, по завршување на времениот ангажман.
Основните работни задачи на новоангажираното лице, како член на Проектниот тима на КЈП Водовод Кочани, ќе бидат поврзани со работењето на Центарот за односи со корисниците, координација на активности поврзани со ажурирањето на базата на корисниците, како и припрема и доставување на извештаи поврзани со пласманот и наплатата на комуналните услуги за потребите на менаџментот на КЈП Водовод Кочани. Месечниот надомест за работењето ќе изнесува 22.989,00 МКД во нето износ.
Сите заинтересирани невработени лица кои го исполнуваат гореспоменатиот услов за завршено стручно образование се замолуваат да достават свои контакт податоци како и Писмо за интерес/Мотивационо писмо на емаил адресата на КЈП Водовод Кочани Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 22.01.2021 година до 12:00 часот.
За лицата кои ќе покажат интерес ќе биде организирано интервју на ден 26.01.2021 година во точно определен временски термин за секој од заинтересираните кандидати, за кој ќе бидат навремено известени.
Изборот на најдобриот кандидат ќе биде извршен од страна на Евалуациона комисија составена од претставници на КЈП Водовод Кочани и Швајцарскиот консултант EBP, а врз основа на евалуација на доставеното Писмо за интерес/Мотивационо писмо (0-5 поени) како и покажаните квалитети за време на извршеното интервју (0-10 поени).
КЈП Водовод Кочани
Sektorot ,,Gradsko zelenilo i pravoslavni grobi{ta,, vo izminatiot period izvr{i pove}e aktivnosti vo svoite oddelenija: ,,Gradsko zelenilo,, i ,,Pravoslavni grobi{ta,,.
Oddelenieto ,,Pravoslavni grobi{ta,, vo ramkite na Gradskite grobi{ta izvr{i betonirawe na pristapna staza vo dol`ina od 125 metri i vkupna povr{ina od 290m2. Sredstvata za nejzinoto realizirawe bea obezbedeni od sopstveni izvori. Vo idnina se planira ponatamo{no betonirawe na preostanatite pristapni stazi vo Gradskite grobi{ta.
Oddelenieto,,Gradsko zelenilo,, vo ramkita na svoite aktivnosti izvr{i zasaduvawe na okolu 5000 br. na sezonsko cve}e na razli~ni lokacii vo gradot. Be{e zasadeno cve}e na slednive lokacii:,,Kru`en tek,, na bul:,,Teodosija Paunov,, , na dupliot most na na bul:,,Teodosija Paunov,, , na ,,Kru`en tek,, kaj hotelot ,,Nacional,,, pred ,,Gradsko sobranie,, vo Gradskiot park , na triagolnikot pred ,,Stopanska banka,, i dr.
Gi zamoluvame gra|anite na Op{tina Ko~ani da se odnesuvaat posovesno vo odnos na cvetnite i zelenite povr{ini.