Сектор за градско зеленило и гробишта

Раководител: Борис Тренчев
тел: + 389 (0) 71 226 393
email: hortiart@yahoo.com

Основни задачи на РЕ “Градско зеленило и Гробишта”  се одржување на зеленилото во градот како и планирање на нови зелени површини како и  уредување и одржување на православните градски гробишта, погребални услуги и градската капела

РЕ “Градско зеленило и Гробишта”  врши и периодично одржување на:

– дел од локалните патишта Мојанци-Грдовци, Грдовци-Прибачево, Прибачево-Оризари и Грдовски Пат.

-на споменикот на слободата (Локубија)

-на патот накај брана Градче со кастрење на вегетацијата од двете страни на патот.

-зелената површина околу споменикот на Никола Карев кај с.Тркање.

Во активностите што ги извршува се вбројува и одржувањето на зелените површини кај станбените комплекси Сиви Дом и Атомски згради, како и одржување на коритото на Оризарска Река.

Во рамките на оваа работна единица функционираат два сектора и тоа:

  • Сектор: Уредување и одржување на градско зеленило
  • Сектор: Уредување и одржување на православни градски гробишта

Површината на зеленило во Кочанска река е 65000м2. Вкупната површина со градско зеленило која е предмет на одржување на оваа работна единица во градот и околните населени места изнесува:

  • Површини под трева—————————————– 115220 м²
  • Цветни површини——————————————— 750 м²
  • Зимзелени дрвја———————————————- 230бр.
  • Листопадни дрвја——————————————— 1680 бр.
  • Зимзелени грмушки—————————————— 250 бр
  • Листопадни грмушки—————————————– 100бр.
  • Живи оград —————————————————– 585 м
  • Фонтани———————————————————- 19 бр.
  • Клупи ————————————————————- 275бр.
  • Алпиниуми—————————————————— 13 бр.
  • Сопствен расадник—————————————— 2000 м²
  • Расадно цвеќе ———————————————— 10000 бр.

Секторот за уредување и одржување на градските православни гробишта е одговорен за простор кој опфаќа вкупна површина од 5 ха. Во рамките на овој сектор припаѓа и работењето на Градската капела со следниот капацитет за работење. 

  • Во секторот Гробишта има две работни групи:
  • Група за одржување – Расчистување на смет, косење на трева, кастрење на дрва
  • Група за уредување на градежен дел – Бетонирање гробни места, бетонирање патеки, градежна реконструкција на стари гробни места.
  • Паркинг простор од 2000 м²