Законот за заштита на укажувачи
Со Законот за заштита на укажувачите (Сл. Весник на РМ 196/2015 и 35/18) се овозможи пријавување на случаи на кривично дело или друго незаконито однесување и со тоа активно да се вклучи во настојувањата за законитотост и владеење на правото, но и во борбата против корупцијата. Законот обезбедува заштита за оној што ќе пријави и за неговите блиски лица.

Што е заштитено пријавување?
Заштитеното пријавување во смисла на Законот за заштита на укажувачите се дефинира како пријавување со кое, во согласност со овој закон, се пренесува разумно сомневање или сознание дека е извршено, дека се извршува или дека е веројатно дека ќе се изврши казниво или друго незаконито или недозволиво постапување, со кое се повредува или се загрозува јавниот интерес.

Внатрешно и надворешно пријавување
Заштитено внатрешно пријавување укажувачот врши во институцијата, односно во правното лице, за каде има сомневање или сознание дека е извршено, се врши или ќе се изврши казниво дело, или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес.
Укажувачот, може да изврши пријавување и надвор од институцијата, односно правното лице за каде го врши пријавувањето, и при тоа таквото пријавување да се смета за заштитено надворешно пријавување, но само под услови пропишани со законот. Институции кои се надлежни за надоврешно пријавување: Министерство за внатрешни работи, Државна комисија за спречување на корупцијата, Народниот правобранител и Јавното Обвинителство.
Со овој закон се уредуваат заштитеното пријавување, правата на укажувачите, како и постапувањето и должностите на институциите, односно правните лица во врска со заштитено пријавување и обезбедувањето заштита на укажувачите.
Согласно со член 2 став (1) и член 3 од Правилник за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор, за овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно и заштитено надворешно пријавување.

Службено лице за прием на пријави од укажувачи, и обезбедување на заштита на лични податоци на укажувачите:

1. Ксенија Басовска, вработена во КЈП ,,Водовод” Кочани -Раководител на одделение за застапување. Тел:071/215-448, 033/279-101. ksenijabasovska@yahoo.com

ДОКУМЕНТИ:

-Закон за заштита на укажувачи

– Правилник за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор

– Упатство за прием на пријави од укажувачи, издвојување и обработка на податоците од пријавите и обезбедување на заштита на личните и други податоци на укажувачите

– Решение за назначување на лице за прием на пријави од укажувачи