Во рамките на Проектот “Намалување на загубите на вода во водоснабдителнитот систем и искористување на соларната енергија во комуналното јавно претпријатие во Општина Кочани“, КЈП ”Водовод” Кочани има обврска од времен ангажман на две лица кои ќе бидат дел од новоформираниот тим за намалување на загубите на вода.
Се повикуваат сите заинтересирани лица што ги исполнуваат следниве услови да се пријават на Јавниот повик за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од новоформираниот тим за намалување на загубите на вода:
Начин на ангажирање : со Договор на дело
Временскиот ангажман : за период од 7 месеци.
Потребни стручна подготовка:
– Завршено Средно образование (предност ќе имаат лицата од техничките средни училишта)
Финансиски надомест: За периодот во кој ќе бидат ангажирани лицата ќе добиваат месечно нето износ од 22 000 денари.
Заинтересираните лица да се пријават по електронски пат на емаил: office@vodovodkocani.com.mk најдоцна до 05.10.2023 година. При пријавувањето задолжително да напишат Име и Презиме, завршено образование како и да остават број на мобилен телефон за контакт
Изборот ќе се изврши преку интервју на ден 06.10.2023 година, а за точното време на интервјуто заинтересираните лица кои ги исполнуваат условите ќе бидат информирани по емаил или на контактниот телефонски број.