Пречистителната станица за отпадни води (ПСОВ) Кочани е изградена во близина на Оризарска река, околу 6 километри југозападно од градот Кочани и 500 метри југозападно од најблиската населба Мојанци. Сливната површина ги опфаќа блиските индустриски области и одговара на следните населени места: Кочани, Оризари, Прибачево, Бели, Горни Подлог, Долни Подлог, Грдовци, Мојанци и Тркање. ПСОВ Кочани се наоѓа на државно земјиште и зафаќа површина од околу 53’614 m2.
Локацијата на ПСОВ Кочани е погодна за идни проширувања на регионалната ПСОВ, која би можела да пречистува отпадни води од соседните општини Виница, Зрновци и Чешиново – Облешево.
Проектираниот капацитет на ПСОВ Кочани е еднаков на 65.000 жители за третман на домашните и недомашните отпадни води.
Реката Оризарска и областа по течението на река Брегалница се класифицирани како нечуствителни области. Затоа, овде се применуваат стандардите за испуштање на нечувствителни подрачја, во согласност со регулативата на Република Македонија и ЕУ. Во иднина, сливот на реката Брегалница може да се класифицира како чувствителна област. Поради оваа причина, ПСОВ Кочани е дизајнирана така што се дозволува продолжување на капацитетот кој во иднина ќе одговара и на строгите стандарди за отпадни води (т.е.отстранување на хранливи материи).
Максималниот хидрауличен капацитет на пречистителната станица е 300л/сек (максималната количина отпадна вода што може да се третира во еден час). Во случај на поголем прилив (> 300л/сек), вишокот отпадна вода може да се испушти во ретензионен базен со зафатнина од 600m3.