Комуналното Јавно Претпријатие „Водовод” – Кочани е основано како Комунална Работна Организација со решение на Собранието на Општина Кочани бр.01-1532 од 02.02.1968 год. и запишано во судскиот регистар под бр.286/68 од 02.02.1968 год. Како Јавно претпријатие е основано со одлука на Собрание на Општина Кочани бр.08-5606/1 од 16.11.1989 год.

            Во рамките на регистрираните дејности, претпријатието е овластено да ги извршува следните дејности:

36.00 Собирање, обработка и снабдување со вода;

35.30 Снабдување со пареа и климатизација;

37.00 Отстранување на отпадни води;

38.11 Собирање на безопасен отпад;

42.21 Изградба на комунални објекти за течности;

43.22 Поставување на инсталации за водовод, канализација и плин и инсталации за греење и клима-уреди;

49.50 Цевоводен транспорт;

52.21 Услужни дејности поврзани со копнениот превоз – работи на патиштата, мостовите, тунелите, паркиралиштата или јавните гаражи, паркиралиштата за велосипеди;

68.20 Издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп (лизинг);

81.30 Услужни дејности за уредување и одржување на животната средина;

93.11 Работа на спортските објекти.

35.11 Производство на електрична енергија

38.32 Обновување на посебно издвоени материјали

38.21 Обработка и отстранување на безопасен отпад.

            КЈП „Водовод” – Кочани како единствено Комунално претпријатие  во Општина Кочани ги извршува целокупните комунални дејности на подрачјето на општината и дел од општина Чешиново – Облешево.

Во согласност со статутарните одредби на Комуналното Јавно претпријатие „Водовод” – Кочани и правилникот за организација и систематизација, истото е организирано во сектори и работни единици кои функционално се  надополнуваат во своите дејности   и   овозможуваат континуирано и квалитетно извршување на дејностите.

Организационите работни единици се:

1.Сектор       Финасиско и комерцијално работење

2.Сектор       Општо и правни работи

3.Сектор       Водовод и канализација

4.Сектор       Комунална Хигиена

5.Сектор       Градско зеленило и православни гробишта

6.Сектор    Геотерма

7.Сектор       Ит и развој