Теренски работни активности на одделение за градежни работи 01 март 2024 година
Екипите од одделение за градежни работи со сопствена механизација и работна сила спроведоа акција за расчистување и изнесување на различен комунален отпад на паркинг просторот во близина на железничката станица во Кочани. Беа изнесени околу 50 м3 отпад.
Акциите за расчистување на диви депонии создадени од несовесни граѓани ќе продолжат и во текот на наредните денови на други места во градот и во населените места во Кочани.
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот !!!