Теренски работни активности на одделение за градежни работи 01 март 2024 година за расчистување на дива депонија на улица “Вељко Влаховиќ”

Екипите од одделение за градежни работи со сопствена механизација и работна сила спроведоа акција за расчистување и изнесување на различен комунален отпад на јавна површина во близина на филтер станицата во Кочани на улица “Вељко Влаховиќ”. Беа изнесени околу 20 м3 отпад.

Акциите за расчистување на диви депонии создадени од несовесни граѓани ќе продолжат и во текот на наредните денови на други места во градот и во населените места во Кочани.

КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот !!!