Теренски работни активности за гасење на пожар на градската депонија на 8 и 9 март 2024 година
Вработените од КЈП „Водовод“ – Кочани и пожарникари од ТППЕ Кочани веќе два дена гаснат пожар на градската депонија во Кочани. Пожарите кои претходно неколку месеци беа ставени под контрола, повторно од вчера се активирани. Моментално сите жаришта се локализирани, но и понатаму догоруваат разни отпадоци.

Во петокот претпладне добивме дојава дека депонијата е запалена. Излеговме на терен со механизација и цистерни. Имавме поддршка од пожарникарите на ТППЕ Кочани. Пожарот го локализиравме до вечерта во петокот само на површината на депонијата. Утрово пред продолжување со активностите за гасење, повторно добивме дојава дека пожарот е проширен на подножјето на депонијата во долниот дел. Нашите сомнежи за пожарот како и многу пати претходно упатуваат на човчки фактор. Во моментот со максимално залагање на вработените и механизација се работи на затрупување со земја на делот каде што има жаришта.
Со оглед на тоа дека во тек е отварање на регионалната депонија, се надеваме дека во најкус временски период истата ќе биде ставена во функција со што ќе се намали огромниот финансиски терет кој го има КЈП “Водовод” Кочани за оддржување на градската депонија, а со тоа ќе се обезбеди и почиста животна средина во Кочани.