Теренски работни активности за расчистување на мини дива депонија пред влезот на старата касарна под спомен домот “Асном” на 14 март 2024 година

Вработените во Сектор комунална хигиена денес со сопствена механизација и работна сила извршија расчистување на отпаден материјал пред влезот на старата касарна под спомен домот “Асном”.

„Чистата и здрава околина е одговорност за секој од нас“ е пораката која се испраќа со акцијата за чистење на ѓубрето во кругот на Старата касарна под спомен домот „АСНОМ“ во Кочани.

Организаторите ги повикаа сите граѓани и локални организации да бидат дел од акцијата која се реализираше денеска.

За поголема успешност поддршка дадоа и екипите на КЈП „Водовод“, а учествуваше и населението кое живее во непосредна близина.

Активноста е дел од проектот на СИГА ,,Girls’ Leadership Initiative for Community Empowerment” кој е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, како дел од регионалниот проект ,,Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан”.

КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот во садови кои се наменети за депонирање на отпад!!!