КЈП “Водовод” Кочани ја известува јавноста дека е настанат дефект на водоводна линија на улица “Шукри Шаин”. Пукната е главна водоводна линија ф100, поради што надвор од мрежно покривање до санација на дефектот ќе бидат улиците “Шукри Шаин”, “Стамен Манов” и дел од “Дуди Ханум”.

КЈП “Водовод” Кочани упатува извинување до граѓаните за потешкотиите со кои ќе се соочат поради прекинот во водоснабдувањето и им благодари на разбирањето.