Врз основа на член 17-а став 2 и член 26 став 5 од Законот за јавните претпријатија („Службен Весник на Република Македонија„ бр.З8/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.75/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25) и согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на Јавно претпријтие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен Весник на Република Северна Македонија бр.213/24), Советот на Општина Кочани на 22.12.2025 година, донесе и објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен и надзорен одбор на КЈП „Водовод“ Кочани
I.
- Предмет на јавниот повик и основ за објавување: Советот на Општина Кочани објавува јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 5 (пет) членови на управен одбор и 3 (три) членови надзорен одбор на КЈП „Водовод“ Кочани со времетраење од пет дена на веб-страницата на Општина Кочани: https://kocani.gov.mk/ и на веб страницата на КЈП „Водовод“ Кочани: https://vodovodkocani.com.mk/ .
Постапката се спроведува согласно одредбите од Законот за јавните претпријатија и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на Јавно претпријтие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен Весник на Република Северна Македонија бр.213/24).
- Јавниот повик ги содржи следните податоци:
- Назив на основачот на јавното претпријатие за кое е распишан јавниот повик: Совет на Општина Кочани, општина Кочани
- Назив и седиште на јавното препријатие: КЈП „Водовод“ Кочани со седиште на адреса „Д-р Николич бр.64“ Кочани
Веб страница на јавното препријатие: https://vodovodkocani.com.mk/ .
- Право на учество: Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.
- Назив на позицијата – член на соодветниот орган на јавното претпријатие: јавниот повик се објавува за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 5 (пет) члена на управен одбор и 3 (три) члена надзорен одбор на КЈП „Водовод“ Кочани.
- УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
За член на управен одбор и член на надзорен одбор на јавното претпријатие може да биде лице кое ги исполнува следните услови:
Општи услови за член на управен и надзорен одбор:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
- во моменот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови за член на управен одбор:
Освен овие општи услови наведени во член 17 став (4) од Законот за јавните претпријатија, членовите на управниот одбор треба да имаат најмалку пет години работно искуство од кои:
- најмалку еден член на управниот одбор со најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и
- најмалку еден член на управниот одбор со најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.
Посебни услови за член на надзорен одбор:
Освен овие општи услови наведени во член 26 став (2) од Законот за јавни претпријатија, членовите во надзорниот одбор треба да имаат и соодветно работно искуство и тоа:
- еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство,
- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и
- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.
2.5.1 Мандат на членовите на управен и надзорен орган на јавното претпријатие:
Времетраењето на мандатот на членовите на управниот и на надзорниот одбор изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.
2.5.2. Надлежен орган за именување и разрешување на членовите на управен и надзорен орган на јавното претпријатие:
Членовите на управниот и на надзорниот одбор на јавното претпријатие ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие.
- ДОКУМЕНТИ КОИ ТРЕБА ДА БИДАТ ДОСТАВЕНИ КАКО ДОКАЗ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ИЛИ ЧЛЕН НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА КЈП „ВОДОВОД“ Кочани
2.6.1. Докази/документи за исполнување на општите услови:
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
- Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VIl/1 степен образование,
- Потврда дека со правосилна судска пресуда не му изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија
- Кратка биографија,
- Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон,
- Пријава по јавниот повик.
2.6.2 Докази/документи за исполнување на посебните услови за член на управен и надзорен одбор:
- Доказ (потврда од работодавач/орган/институција) за најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и
- Доказ (потврда од работодавач/орган/институција) за најмалку пет години работно искуство од на правните работи.
- НАЧИН И РОК НА ДОСТАВА НА ДОКУМЕНТИТЕ/ ДОКАЗИТЕ / ПРИЈАВИТЕ
- Начин на доставување: Кандидатите кои пројавиле интерес за пријавување за кандидати за член на управен или надзорен одбор на КЈП „Водовод“ Кочани ја доставуваат потребната документација за исполнување на општите и посебните услови во хартиена форма во оргинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување (која е прилог кон повикот) со поднесување во архивата на Општина Кочани или по пошта во утврдениот рок на адреса: Општина Кочани, ул„Раде Кратовче” бр.1 Кочани со назнака: За јавен повик за именување на член на управен и надзорен одбор на КЈП „Водовод“ Кочани, со наведување на бројот на јавниот повик.
2.7.2 Образецот за пријавување на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен/надзорен одбор на јавното претпријатие е даден во Прилог на овој јавен повик..
2.8 ТРАЕЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК И КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ:
2.8.1. Јавниот повик се објавува на ден 24.12.2025 година и трае 5 (пет)дена, односно најдоцна до 29.12.2025 година.
2.8.2 Краен рок за доставување на документација и поднесување на пријави е 29.12.2025 година до 15:30 чсот.
2.8.3 Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.
2.8.4 Пријавите кои се поднесени без комплетна документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
2.8.5. Доставените документи/прилози не се враќаат на кандидатот по завршување на постапката, истите остануваат во предметот.
- Постапка за селекција на кандидатите:
- Селекцијата на кандидатите за членови на управен, односно надзорен одбор на јавното претпријатие се спроведува од страна на Комисијата формирана од Советот на Општина Кочани согласно член 17-а став 4 од Законот за јавните претпријатија (во натамошниот текст: Комисијата), и се состои од две фази, и тоа:
Фаза 1 – административна селекција (фаза во која се врши проверка на внесените податоци во пријавата со условите од јавниот повик кои треба да се идентични со условите утврдени во Законот за јавните претпријатија, како и на доставените докази и се врши нивно бодување) и
Фаза 2 – интервју (фаза во која преку ситуациони и стручни прашања и практични задачи се проверуваат општите и посебните работни компетенции на кандидатот и се врши нивно бодување, а се поставуваат и општи прашања со кои се проверува интересот и мотивацијата на кандидатот за работата, прашања за неговото претходно работно искуство, очекувањата на кандидатот и сл.).
2.9.2 Во фазата на административна селекција, се врши бодување на стекнатото образование, работното искуство и секој доставен поединечен доказ (сертификат, лиценца, уверение, диплома издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон), од областа за која треба да бидат членовите на управниот, односно надзорниот одбор на начин утврден со член 5 од Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на Јавно претпријтие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен Весник на Република Северна Македонија бр.213/24). За извршената административна селекција се составува записник и нацрт-листа од кандидатите кои продолжуваат во наредната фаза од постапката на селекција.
2.9.3. Фаза на интервју: Комисијата, најдоцна 10 дена од денот на завршување на административната селекција спроведува интервју со кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција. Точниот датум, време и место на одржување на интервјуто се објавуваат на веб страницата на Општина Кочани. Во фазата интервју бодувањето се врши на начин утврден со член 6 од Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на Јавно претпријтие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен Весник на Република Северна Македонија бр.213/24)
2.10 Ранг листа на кандидати:
2.10.1. Од страна на Комисијата се подготвува и до Советот на Општина Кочани се доставува ранг-листа од најмногу 10 најдобро рангирани кандидати најдоцна 10 дена од денот на завршувањето на интервјуто.
2.10.2 Врз основа на ранг-листата од најмногу 10 најдобро рангирани кандидати, од страна на Комисијата се изготвува предлог на кандидати за членови на управниот, односно надзорниот одбор на јавното претпријатие и се доставува до Советот на Општина Кочани, заради донесување на одлука за именување на членови на управниот, односно надзорниот одбор на јавното претпријатие.
- Одлука за именување членови во управниот и во надзорниот одбор на КЈП „Водовод“ Кочани
- Советот на Општина Кочани најдоцна 15 дена од денот на приемот на предлогот од Комисијата, донесува одлука за именување на членови во управниот одбор и именување на членови во надзорниот одбор на јавното претпријатие од редот на најдобро рангираните кандидати.
- Советот на Општина Кочани и КЈП „Водовод“ Кочани се должни во рок од 15 дена од денот на донесувањето на одлуката на својата веб-страницата да ги објават кратките биографии на сите членови на управниот и надзорниот одбор.
2.11 Правна поука: Незадоволните кандидати од постапката за селекција за членови во управниот и надзорниот одбор на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.
II.
Јавниот повик влегува во сила со денот на донесувањето, и ќе се применува од денот на објавувањето електронски на веб страниците на Општина Кочани и КЈП „Вододвод“ Кочани, а ќе се објави и во „Службен гласник на Општина Кочани“.
Бр. 09-1801/1 Претседател
22.12.2025 година на Советот на Општина Кочани,
К о ч а н и Александар Андов
Образец за пријавување на јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен/надзорен одбор на јавно претпријатие
ПРИЈАВА
за пријавување на јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен/надзорен одбор на јавно претпријатие
Ја поднесувам оваа пријава со прилог документација за кандидат за избор на член на (да се наведе управен или надзорен одбор) ________________ одбор на КЈП „Водовод“ Кочани.
| 1. | Назив и седиште на јавното претпријатие | КЈП „Водовод“ Кочани со седиште на ул.„Д-р Николич бр.64“ Кочани |
| 2. | Име и презиме | |
| 3. | Место на живеење (улица и број) | |
| 4. | Телефон за контакт | |
| 5. | Е-маил/e-mail | |
| 6. | Kратка биографија | |
| 7. | Уверение за државјанство | |
| 8. | Уверение или диплома за завршено високо образование | |
| 9 | Доказ за соодветно работно искуство наведено во јавниот повик (потврда од ФПИОСМ за евидентиран стаж) | |
| 10. | Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон | |
| 12. | Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност |
Датум Потпис на подносителот
____________________ ___________________
| Пополнува примачот на пријавата | |
| Архивски број на пријавата | |
| Датум на прием на пријавата ______________________година | Потпис и печат ________________________ |