КЈП Водовод Кочани има потреба од вработување на работници на неопределено време и тоа: 15 (петнаесет) извршители од групата на даватели на јавни услуги и 3 (три) извршители од групата на помошно-технички лица или вкупно 18 (осумнаесет) извршители.
I. Од групата на даватели на јавни услуги КЈП Водовод Кочани има потреба од вработување на работници на следните работни места, со следниот број на извршители:
(1) 3 (три) извршител за работно место „Утоварач на отпад“, шифра на работно место КДР 03 05 В02 033 во Одделение за собирање, транспорт и депонирање на отпад, Сектор Комунална хигиена, со основна нето плата 24.555,00 денари.
Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место: – најмалку ниво на квалификации I или основно образование,

  • со или без работно искуство во струката
  • Други посебни услови
  • физички способен за извршување на задачите
  • Распоред на работното време
    Работни денови: понеделник-сабота
    Дневно работно време: понеделник до петок од 07,00-14,00 часот, сабота од 07,00 до 12,00 часот
  • Работни часови неделно: 40
    (2) 5 (пет) извршител за работно место „ Метач утоварач “, шифра на работно место КДР 03 05 В02 037 во Одделение за јавна хигиена, Сектор Комунална хигена, со основна нето плата 24.555,00 денари.
    Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место: – најмалку ниво на квалификации I или основно образование,
  • со или без работно искуство во струката
  • Други посебни услови
  • физички способен за извршување на задачите
  • Распоред на работното време
    Работни денови: понеделник-сабота
  • Дневно работно време: понеделник до петок од 07,00-14,00 часот, сабота од 07,00 до 12,00 часот
  • Работни часови неделно: 40
    (3) 1 (еден) извршител за работно место „Соработник за контрола“, шифра на работно место КДР 03 05 Б01 236 во Одделение за собирање, транспорт и депонирање на отпад, Сектор Комунална хигена, со основна нето плата 31.179,00 денари.
    Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
  • најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен,
  • Високо образование
  • најмалку три години работно искуство во струката
    Други посебни услови
  • нема
    Распоред на работното време
    Работни денови: понеделник-петок
    Дневно работно време: 07,00-15,00 часот
  • Работни часови неделно: 40
    (4) 1 (еден) извршител за работно место „„Возач на специјално комунално возило“, шифра на работно место КДР 03 05 Б02 068 во Одделение за собирање, транспорт и депонирање на отпад, Сектор Комунална хигена, со основна нето плата 26.474,00 денари.
    Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
  • најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование,
  • најмалку две години работно искуство во струката
  • Други посебни услови
  • Возачка дозвола Ц категорија
  • Распоред на работното време
    Дневно работно време: понеделник до петок од 07,00-14,00 часот, сабота од 07,00 до 12,00 часот
  • Работни часови неделно: 40
    (5) 1 (еден) извршител за работно место „Референт-инкасант“, шифра на работно место КДР 03 05 Б02 075 во Одделение за пласман, продажба и наплата на комунални услуги, Сектор за финансиско и комерцијално работење, со основна нето плата 25.359,00 денари.
    Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
  • најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование,- Вишо/Средно – економски науки, правни науки /Економски, Гимназија, Техничко
  • најмалку две години работно искуство во струката
  • Други посебни услови
  • нема
    Распоред на работното време
    Работни денови: понеделник-петок
    Дневно работно време: 07,00-15,00 часот
  • Работни часови неделно: 40
  • Република С. Македонија
    (6) 1 (еден) извршител за работно место „ Контролор “, шифра на работно место КДР 03 05 Б02 046 во Оддел Градски Паркинг, Одделение за пласман, продажба и наплата на комунални услуги, Сектор за финансиско и комерцијално работење, со основна нето плата 25.359,00 денари.
    Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
  • најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование- Вишо/Средно – економски науки, правни науки /Економски, Гимназија, Техничко
  • најмалку две години работно искуство во струката
  • Други посебни услови
  • нема
    Распоред на работното време
    Работни денови: понеделник-петок
    Дневно работно време: 07,00-15,00 часот
  • Работни часови неделно: 40
    (7) 2 (два) извршители за работно место „Референт-инкасант“, шифра на работно место КДР 03 05 Б02 075 во Оддел Градски Паркинг, Одделение за пласман, продажба и наплата на комунални услуги, Сектор за финансиско и комерцијално работење, со основна нето плата 25.359,00 денари.
    Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
  • најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование- Вишо/Средно – економски науки, правни науки /Економски, Гимназија, Техничко.
  • најмалку две години работно искуство во струката
  • Други посебни услови
  • нема
    Распоред на работното време
    Работни денови: понеделник-петок
    Дневно работно време: 07,00-15,00 часот
  • Работни часови неделно: 40
    (8) 1 (еден) извршител за работно место „ Оператор во капела “, шифра на работно место КДР 03 05 Б04 033 во Одделение за гробишта, Сектор Градско зеленило и гробишта, со основна нето плата 24.772,00 денари.
    Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
  • најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование,
  • со или без работно искуство во струката
  • Други посебни услови
  • нема
    Распоред на работното време
  • Работни денови: понеделник-петок
    Дневно работно време: 07,00-15,00 часот
  • Работни часови неделно: 40
    II. Од групата на помошно-технички лица КЈП Водовод Кочани има потреба од вработување на работници на следните работни места, со следниот број на извршители:
    (1) 1 (еден) извршител за работно место „ КВ Водоинсталатер “, шифра на работно место КДР 04
    01 А02 061 во Одделение за одржување и реконструкција на водоводна мрежа , баждарница и нови приклучоци, Сектор Водовод и канализација,, со основна нето плата 25.632,00 денари.
    Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
  • со најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование,
  • работно искуство не се бара.
  • Други посебни услови
  • КВ Водоинсталатер
    Распоред на работното време
    Работни денови: понеделник – петок
  • Дневно работно време 07,00-15,00 часот
  • Работни часови неделно: 40
    (2) 1 (еден) извршител за работно место „Компресорист“, шифра на работно место КДР 04 01 A02 041 во Одделение за одржување на канализациона мрежа, градба на нови и реконструкција на постоечки делови од водоводната и канализационата мрежа, Сектор Водовод и канализација, со основна нето плата 25.632,00 денари.
    Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
  • најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование,
  • работно искуство не се бара.
  • Други посебни услови
  • нема
    Распоред на работното време
    Работни денови: понеделник – петок
  • Дневно работно време 07,00-15,00 часот
  • Работни часови неделно: 40
    (3) 1 (еден) извршител за работно место „ ПК работник “, шифра на работно место КДР 04 01 А03
    011 во Одржување на канализациона мрежа, градба на нови и реконструкција на постоечки делови од водоводната и канализационата мрежа, Сектор Водовод и канализација.,, со основна нето плата 24.555,00 денари..
    Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место: – со најмалку ниво на квалификации I или основно образование.
  • работно искуство не се бара.
  • Други посебни услови
  • нема
    Распоред на работното време
    Работни денови: понеделник – петок
  • Дневно работно време 07,00-15,00 часот
  • Работни часови неделно: 40
    III. Огласот се објавува заради зголемениот обем на работа на КЈП „Водовод “ Кочани и поради испразнети работни места по различни основи.
    Сите кандидати (и од групата на даватели на јавни услуги и од групата на помошно-технички лица) треба да ги исполнуваат следните општи услови:
  • Да е државјанин на Република Македонија, – Активно да го користи македонскиот јазик, – Да е полнолетен,
  • Да има општа здравствена способност за работното место,
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
    IV. Сите кандидати (и од групата на даватели на јавни услуги и од групата на помошно- технички лица) треба да ги достават следните документи за исполнување на потребните услови за работното место во оригинал или копија заверена кај нотар:
  • Уверение за државјанство,
  • Извод од матична книга на родени,
  • Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  • Лекарско уверение за општа здравствена способност,
  • Диплома за завршено соодветно образование и свидетелства,
  • Потврда за работно искуство доколку се бара (документ од АВРМ),
  • – Пополнета пријава објавена на ВЕБ страната на КЈП Водовод Кочани.
    Постапката за селекција за вработување се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази и интервју.
    Огласот трае 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот на интернет страницата на претпријатието и во дневниот печат-во три дневни весници од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.
    Кандидатите пријавите со сите потребни документи да ги достават на адреса:
    КЈП Водовод Кочани, Ул.„Д-р Николиќ“ бр.64 Кочани, лично или преку пошта.
    Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат

КЈП „Водовод“ Кочани

В.Д. Директор Дејан Анакиев

Пријава за вработување

Јавен Оглас 1-2026