Врз врска со тенденциозните објави и изнесените информации во јавноста во врска со спроведената јавна набавка и склучениот договор за такси превоз, со цел објективно и точно информирање на јавноста, укажуваме на следното:

Договорот за обезбедување такси превоз не претставува трошок за лични или нерегуларни потреби, туку е склучен исклучиво за потребите на редовното работење и непречено функционирање на претпријатието.

Предмет на договорот е обезбедување превоз за вработените за одење и враќање од работа до работните единици кои се наоѓаат во други населени места, со цел обезбедување континуитет во извршувањето на работните процеси и навремено реализирање на оперативните активности.

Со оглед дека дејноста на претпријатието се извршува на повеќе локации и работни единици, обезбедувањето превоз претставува организациска и функционална потреба за непречено одвивање на работните задачи, особено во услови кога не постои организиран превоз или не се исполнети услови за користење други расположливи средства.

Постапката за јавна набавка е спроведена согласно важечките законски прописи, а средствата се предвидени исклучиво за намената утврдена со договорот и потребите на претпријатието.

Дополнително, се укажува дека обезбедувањето превоз за вработените до и од работните единици кои се наоѓаат во други населени места не претставува нова практика, ниту пак новововедено решение. Истата организација на превозот се применува континуирано и во претходните години, согласно потребите за редовно извршување на работните процеси и обезбедување непречено функционирање на претпријатието. Оттука, предметниот договор претставува продолжување на воспоставена оперативна практика и механизам за организација на работниот процес, а не воведување на нов вид расход или отстапување од досегашниот начин на работа.

Апелираме јавните информации да се темелат на целосни и точни факти, со цел избегнување погрешни интерпретации и создавање неоснована перцепција во јавноста.

КЈП ВОДОВОД КОЧАНИ