Врз основа на чл.20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18, 143/19,14/20 и 208/24), член 37-и од Законот за Јавни претпријатија (Сл. весник бр. 38/1996; 9/1997; 6/2002; 40/2003; 49/2006; 22/2007; 83/2009; 97/2010; 6/2012; 119/2013; 41/2014; 138/2014; 25/2015; 61/2015; 39/2016; 64/2018, 35/2019, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25) и чл.22 и 23 од ЗРО (Сл.Весник бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 120/2018, 110/2019, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25, 74/25 и 124/25), В.Д. Директорот на КЈП Водовод Кочани, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2026
за прием на работници на неопределено време
КЈП Водовод Кочани има потреба од вработување на работници на неопределено време и тоа: 11 (единаесет) извршители од групата на даватели на јавни услуги и 8 (осум) извршители од групата на помошно-технички лица или вкупно 19 (деветнаесет) извршители.
I. Од групата на даватели на јавни услуги КЈП Водовод Кочани има потреба од вработување на работници на следните работни места, со следниот број на извршители:
- 1 (еден) извршител за работно место „ Технички директор “, шифра на работно место КДР 03 05 A01 039, со основна нето плата 45.566,00 денари.
Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
– најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Инженерство и технологија.
– најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката, од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор.
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, преку приложување на потврда
Други посебни услови
– нема
Распоред на работното време
Работни денови: понеделник-петок
Дневно работно време: 07,00-15,00 часот
Работни часови неделно: 40
- 2 (два) извршител за работно место „Утоварач на отпад“, шифра на работно место КДР 03 05 В02 033 во Одделение за собирање, транспорт и депонирање на отпад, Сектор Комунална хигиена, со основна нето плата 28.834,00 денари.
Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
– најмалку ниво на квалификации I или основно образование,
– со или без работно искуство во струката
Други посебни услови
– Физички и здравствено способен
Распоред на работното време
Работни денови: понеделник-сабота
Дневно работно време: понеделник до петок од 07,00-14,00 часот, сабота од 07,00 до 12,00 часот
Работни часови неделно: 40
- 2 (два) извршител за работно место „ Метач утоварач “, шифра на работно место КДР 03 05 В02 037 во Одделение за јавна хигиена, Сектор Комунална хигиена, со основна нето плата 28.834,00 денари.
Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
– најмалку ниво на квалификации I или основно образование,
– со или без работно искуство во струката
Други посебни услови
– Физички способен за извршување на задачите
Распоред на работното време
Работни денови: понеделник-сабота
Дневно работно време: понеделник до петок од 07,00-14,00 часот, сабота од 07,00 до 12,00 часот
Работни часови неделно: 40
- 1 (еден) извршител за работно место „ Раководител на гробишта “, шифра на работно место КДР 03 05 А03 020 во Одделение за гробишта, Сектор градско зеленило и гробишта, со основна нето плата 42.043,00 денари.
Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
– најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Земјоделски и ветиринарни науки / земјоделство,шумарство и рибарство.
– најмалку две години работно искуство во струката, од кои најмалку една години на работно место во јавен сектор, односно најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, преку приложување на потврда
Други посебни услови
– нема
Распоред на работното време
Работни денови: понеделник-петок
Дневно работно време: 07,00-15,00 часот
Работни часови неделно: 40
- 2 (два) извршител за работно место „ Одржувач на паркови и зеленило “, шифра на работно место КДР 03 05 В01 001 во Одделение за градско зеленило, Сектор градско зеленило и гробишта, со основна нето плата 28.834,00 денари.
Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
– најмалку ниво на квалификации I или основно образование,
– најмалку една години работно искуство во струката
Други посебни услови
– да знае да ракува со косачка за трева.
Распоред на работното време
Работни денови: понеделник-сабота
Дневно работно време: понеделник до петок од 07,00-14,00 часот, сабота од 07,00 до 12,00 часот
Работни часови неделно: 40
- 1 (еден) извршител за работно место „ Возач на трактор “, шифра на работно место КДР 03 05 Б03 020 Одделение за градско зеленило, Сектор градско зеленило и гробишта, со основна нето плата 29.714,00 денари.
Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
– најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование.
– најмалку една години работно искуство во струката
Други посебни услови
– Б категорија
Распоред на работното време
Работни денови: понеделник-петок
Дневно работно време: 07,00-15,00 часот
Работни часови неделно: 40
- 2 (два) извршители за работно место „Референт-инкасант“, шифра на работно место КДР 03 05 Б02 075 во Одделение за пласман, продажба и наплата на комунални услуги, Сектор за финансиско и комерцијално работење, со основна нето плата 30.154,00 денари.
Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
– најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование,- Вишо/Средно – економски науки, правни науки /Економски, Гимназија, Техничко
– најмалку две години работно искуство во струката
Други посебни услови
– нема
Распоред на работното време
Работни денови: понеделник-петок
Дневно работно време: 07,00-15,00 часот
Работни часови неделно: 40
II. Од групата на помошно-технички лица КЈП Водовод Кочани има потреба од вработување на работници на следните работни места, со следниот број на извршители:
(1) 1 (еден) извршител за работно место „ Електро одржувач и ракувач со пумпи “, шифра на работно место КДР 04 01 А01 111 во Одделение ,,Пумпна станица,,,, Сектор Геотерма, со основна нето плата 31.035,00 денари.
Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
– со најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование,- електротехничар
– работно искуство не се бара.
Други посебни услови
-нема
Распоред на работното време-работа во смени
Работни денови: понеделник – недела
Дневно работно време Согласно потребите за одвивање на работниот процес на претпријатието
Работни часови неделно: 40
(2) 4 (четири) извршители за работно место „ Чувар-патрола “, шифра на работно место КДР 04 02 А03 006 во Одделение за општи и правни работи, Сектор за општи и правни работи
, со основна нето плата 28.834,00 денари.
Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
– најмалку ниво на квалификации I или основно образование.,
– работно искуство не се бара.
Други посебни услови
– нема
Распоред на работното време- во смени
Работни денови: понеделник – недела
Дневно работно време Согласно потребите за одвивање на работниот процес на претпријатието Работни часови неделно: 40
(3) 1 (еден) извршител за работно место „ Одржувач на машинска опрема “, шифра на работно место КДР 04 01 А01 104 во Одделение ,,Пумпна станица,, ,,Сектор Геотерма, со основна нето плата 31.035,00 денари.
Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
– со најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование, -машинскитехничар
– работно искуство не се бара.
Други посебни услови
– нема
Распоред на работното време- во смени
Работни денови: понеделник – недела
Дневно работно време Согласно потребите за одвивање на работниот процес на претпријатието Работни часови неделно: 40
(4) 2 (два) извршители за работно место „ ПК работник “, шифра на работно место КДР 04 01 А03 011 во Одделение за одржување на канализациона мрежа, градба на нови и реконструкција на постоечки делови од водоводната и канализационата мрежа, Сектор Водовод и канализација, со основна нето плата 28.834,00 денари.
Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:
– најмалку ниво на квалификации I или основно образование
– работно искуство не се бара.
Други посебни услови
– нема
Распоред на работното време
Работни денови: понеделник – петок
Дневно работно време 07,00-15,00 часот
Работни часови неделно: 40
III. Огласот се објавува заради зголемениот обем на работа на КЈП „Водовод “ Кочани и поради испразнети работни места по различни основи.
Сите кандидати (и од групата на даватели на јавни услуги и од групата на помошно-технички лица) треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- Да е државјанин на Република Македонија,
- Активно да го користи македонскиот јазик,
- Да е полнолетен,
- Да има општа здравствена способност за работното место,
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
IV. Сите кандидати (и од групата на даватели на јавни услуги и од групата на помошно-технички лица) треба да ги достават следните документи за исполнување на потребните услови за работното место во оригинал или копија заверена кај нотар:
- Уверение за државјанство,
- Извод од матична книга на родени,
- Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Лекарско уверение за општа здравствена способност,
- Диплома за завршено соодветно образование и свидетелства,
- Потврда за работно искуство доколку се бара (документ од АВРСМ),
- Пополнета пријава објавена на ВЕБ страната на КЈП Водовод Кочани.
Постапката за селекција за вработување се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази и интервју.
Огласот трае 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот на интернет страницата на претпријатието и во дневниот печат-во три дневни весници од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.
Кандидатите пријавите со сите потребни документи да ги достават на адреса:
КЈП Водовод Кочани, Ул.„Д-р Николиќ“ бр.64 Кочани, лично или преку пошта.
Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.
КЈП „Водовод“ Кочани
В.Д. Директор
Дејан Анакиев